Овие новороденчиња само се надоврзаа на прашањето за мешањето на современиот човек со Неандерталците. Веста доаѓа по неодамнешното пронаоѓањето на Романските пештерни фосили стари 40-30 000 год. п.н.е, за кои познатиот палеоантрополог Тринкаус (Trinkaus) и неговите колеги, контроверзно изјавија дека покажуваат траги на мешање помеѓу модерните луѓе и гореспоменатите :).
Но, за да се докаже овој факт (покрај другите) потребни се пред се ДНК анализи. Статијата насловена како Кодот на Неандерталците (публикувана во PNAS) открива дека еден тим предводен од Брус Лан (Bruce Lahn) од Универзитетот од Чикаго го пронашол генот кој се појавил кај модерниот човек во исто време кога изчезнале Нендерталците.
Од друга страна пак други два тима ја поучуваат ДНК-та од фрагмент на коска стар 38 000 год. п.н.е., пронајден во Хрватска пештера. Тие се привзаници на теоријата дека неандерталците и современите луѓе делат еден исти предок. Но велат, за резултатите ќе мора да се причека едно две години.
прилог – Svante Paabo, зачетник на палеогенетиката и првиот научник кој најде начин да изолира секвенца на ДНК од Нендерталците.
Дополнување:
* Buried babies suggest prehistoric compassion
* Earliest evidence of modern humans in Europe reported