Сите оние коишто деновиве го следат инстаграм профилот на Storytelling Skopje моја едукативна програма за интерпретација на наследството, знаат дека моментално објавувам ексклузивна аудио-визуелна содржина за земјотресот во Скопје кој се случил на 26 јули 1963 година.
Оваа содржина која е резултат на мои многугодишни научни истражувања особено е потенцирана во т.н. „сторињата“ кои траат само 24 часа, па ете ви шанса да научите нешто повеќе за Скопје и за неговата историја. Постови со слична содржина може да се проследат низ севкупниот времеполов на социјалните сметки на Storytelling Skopje на фејсбук, на инстаграм и повремено на сајтот.
Ова лето господово дваесетичетвто се навршуваат 61 година од сеќавањето на настанот кој засекогаш ќе го промени изгледот на Скопје и животите на неговите граѓани.
View this post on Instagram