Home Интерпретација “Learning landscapes” – иницијатива на УНЕСКО и Interpret Europe

“Learning landscapes” – иницијатива на УНЕСКО и Interpret Europe

565 views
0

УНЕСКО и Interpret Europe ја стартуваа иницијативата “Learning landscapes“. Целта е преку имплементација на интерпретацијата на наследството, до крајот на 2025 година одредени региони кои се впишани како светско наследство на листата на УНЕСКО, но и други потенцијално заинтересирани региони, да бидат претворени во интерпретациски хабови (центри за толкување на наследството).

Сметам дека е ова еден сосема нов, иновативен пристап кон промоција но и одржливост на природното и културното наследство. Нешто коешто особено му е потребно на Охридскиот регион, но и на други места каде преку директна примена на интерпретациското планирање ќе се подигне не само нивото на менаџмент, туку и длабока свесност за наследството кај локалното население.

Како национален координатор на Interpret Europe за Македонија, некаде на почетокот на мај ќе присуствувам на состанок со претставници на УНЕСКО и на Interpret Europe и потоа ќе можам да споделам со сите заинтересирани информациите од прва рака. Пред некој ден беше објавено сосема кратко инфо за оваа иницијатива кое може да се прочита на следниот линк.

Доколку одредени региони во Македонија се заинтересирани да аплицираат за оваа иницијатива, можe да ме контактираат на следниот мејл:
vasilka.dimitrovska@interpret-europe.net