Home Културно наследство Обука за брендирање на културно наследство и менаџирање со туристичка дестинација

Обука за брендирање на културно наследство и менаџирање со туристичка дестинација

2,025 views
0
Mанастирот Св. Богородица Елеуса во с. Вељуса,e една од многуте тутирички дестинации во Струмичко

На 12-13.09.2019 во Струмица, се спроведе обука за брендирање на културно наследство и менаџирање на туристичка дестинација, на којашто бев предавач. Настанот беше во организација на граѓанското здружение „Култ Транзен“ во рамките на нивниот проект „Струмица како културно-историска дестинација“. Ова е еден од ретките случаи кога го прифатив предизвикот да го споделам моето 20-годишно искуство од областа на културниот туризам, комуникација и маркетинг стратегија коишто сум ги научила работејќи за домашната ТА Савана, УНЕСКО, National Geographic и многу други звучни, знајни и незнајни ентитети.

Целта на овој тренинг беше стекнување со почетни познавања од областа на културниот туризам, како и со предностите кои ги нуди оваа индустрија, особено во сегментот на самоодржливи работни места. Отсекогаш сум сметала дека преку едукација се зголемува личниот капацитет на учесниците на обуката, со крајна цел да бидат дел и да придонесат за одржлив локален економски развој на некој регион, а во овој случај Струмица како културно-историска дестинација. Во рамките на дводневната обука беа опфатени 4 модула во два последователни дена:

Модул 1: Што е културен туризам?
Модул 2: Менаџмент на туристичка дестинација.

По модулите следуваше работа во групи со вежби за креирање на културни тури и рути за Струмица.

Модул 3: Како да создадеш и изградиш бренд во културниот
Модул 4: Комуникација и маркетинг стратегија во туристичката индустрија

По модулите следуваше работа во групи со вежби за комуникација и презентација во областа на културниот туризам. На крајот од настанот следуваше евалуација на тренингот.

Работната посета во Струмица ја искористив да го посетам НУ Завод и Музеј Струмица, како и манастирите во Вељуса и во Водоча. Неоспорно, Струмица е голема културно-историска дестинација со севкупното природно и куултурно наследство коешто с енаоѓа во самиот град и во регионот. Но, потребно е многу работа, мноштво специјализирани обуки и се разбира финансиска поддршка, бидејќи може да стане туристичка атракција каде посетителите би се задржувале (и со право) најмалку неколку дена а тоа секако би имало импакт врз локалниот економски развој, пред сѐ на општината, а потоа и на поединци, групи, здруженија, музејскиот и приватниот сектор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here