Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014‘, на ден 23.12.2014 год. (вторник), во Музејот на македонската борба, со почеток во 19:00 часот.
Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.
Предавањето е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР на Република Македонија.
Влезници: Настанот е од некомерцијален карактер. За да се присуствува на предавањето потребно е претходно да се подигне влезница, поради орграничениот број на места за седење. Бесплатните влезници се подигнуваат во Музејот на македонската борба – Скопје, секој работен ден помеѓу 09-16:30 часот. Една персона може најмногу да подигне две влезници.
Фјесбук страница за настанот: http://on.fb.me/1yzGKYe
Настанот со своја страница на Archaeological Institute of America: http://www.archaeological.org/events/17260
Официјален веб сајт на настанот: www.archaeologyday.org
Говорници на настанот:
1. М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје)
Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)
2. М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје)
Палеонтологијата во служба на археологијата
3. Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје)
Подводното културното наследство на Република Македонија
4. Перо Синадиновски (независен археолог, Делчево)
Рекогносцирање на праисториски локалитети во Раечката клисура
Пауза од 15 мин. за освежување
5. М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје)
Цоцев Камен – пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука
6. М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје)
Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи
7. Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје)
Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци
8. Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје)
„Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан