Home Археологија СТРАНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПРАШУВААТ ДАЛИ СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР

СТРАНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПРАШУВААТ ДАЛИ СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР

2,402 views
0

Уште додека студирав археологија, почнав да работам во сферата на туризмот каде повеќе од 13 години партиципирам во полето на културниот туризам, следејќи ја својата желба да ги промовирам големото културно богатство и фолклор кои потекнуваат од територијата Република Македонија, а се непознати за странците.

Во последните неколку години зачестија моите настапи во македонските печатени и телевизиски медиуми. Настапите најмногу се однесуваат на прашањата поврзани со културното наследство на Република Македонија, но понекогаш давам изјави и за мојата ‘втора’ комплементарна професија како туристички водич.

Со текот на годините, сум дала голем број на изјави и интервјуа во секаков формат, за разни медиуми, кои генерално се однесуваат околу публикувањето, заштитата и промоцијата на нашето културно наследство. Сепак ова интервју водено од новинарот Миодраг Мисолиќ на почетокот од 2011 година, ми е едно од најомилените. 🙂

[youtube]5AakEbJdYDI[/youtube]

И стојам зад тоа дека културно-историското наследство на Република Македонија не смее да се политизира, ниту да се користи за политички поени на одредени партии!  За да не се случат несакани последици од изјавите за археологијата во медиумите, археолозите мора да застанат позади своите зборови затоа што под дифолт имаме професија на јавно ангажирани стручњаци чие мислење, идеи, коментари, интервјуа или научни текстови можат да имаат краткотрајни или долготрајни последици врз мислењето на луѓето. Но немаат сите храброст или знаење да застанат јавно позади своите ставови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here