Home Археологија Публикуван HAEMUS journal Vol.1 (2012)

Публикуван HAEMUS journal Vol.1 (2012)

3,085 views
0

Почитувани колеги и истражувачи,

Би сакале да го објавиме публикувањето на првиот број на ‘Хаемус‘, ново академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Целта на ова списание базирано на принципот на отворените образовни ресурси и лиценците на Криејтив Комонс е да се соберат и на едно место да бидат објавени најновите достигнувања во областа на балканската историја и археологија, како во однос на методологијата, така и од аспект на содржината. Содржината на списанието се темели на чисто академски истражувања, а зад издавањето на оваа публикација стои редакција составена од исражувачи од најпрестижните институции во светот (проверете тука и тука).

HAEMUS journal Vol.1 (2012)
http://haemus.mk

Списанието Хаемус е публикација на ‘ХАЕМУС‘ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје. Издавачите се надеваат дека квалитетот на статиите, како и сериозниот и темелен пристап на соработниците, ќе предизвика интерес во академската заедница која се занимава со историографија, со што ќе помогне да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка.

Списанието може да се превземе преку директен линк на официјалната веб страна: http://haemus.mk.

Хаемус
Центар за научни истражувања
и промоција на културата
http://haemus.org.mk
e-mail: contact@haemus.org.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here