Home Антропологија Изида од Стоби

Изида од Стоби

5,753 views
0

Аверс на банкнотата од 10 денари (НБРМ, 1996)
Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид

Во мај 1967 год. при изградба на станбена зграда во Охрид, откриен е дел од градба кој се состоел од две простории. Во него биле пронајдени две статуи на египетската божица Изида, кои денеска се изложени во Куќата на Робевци (Музеј на град Охрид), а поради недостиг на финансии во тоа време, ископувањата биле стопирани.

Оваа Изида од Охрид која се најде на македонската банкнота од 10 денари, изработена е од мермер во висина од 42 см, на која и недоставуваат нозете и главата. Облечена е во долг фустан, тесно прилепен врз телото, а рамениците и се покриени со марама со реси, која над градите е врзана во јазол. Двете раце и се прилепени до телото, цврсто држејќи во едната систрум, во другата веројатно симболот на животот кој често се среќава како атрибут на оваа божица. Доста е шематизирана и вкочанета и претставува еден тип на синкретизирана Изида, настаната на почвата на Египет во хеленистичкото раздобје, во времето на управата на Птолемеите. Од истиот период, постојат неколку зачувани слични претстави на Изида како едно торзо од Лувр, додека во Метрополитен музејот има две претстави на овој иконографски тип на Изида. Една другата статуа од минхенската Глиптотека е поблиска на изработка на Изидата од Охрид, а сите овие споменати примероци се датирани широко во времето на Птолемеите.

Божество Изида, божица на плодноста и на патувањата, со текот на времето ги надминува територијалните рамки на Египет. Нејзиниот култ се проширил во Македонија и Медитеранот во текот на античкиот период и ќе биде актуелен се до почетокот на доцната антика, поточно до доминацијата на христијанството. Во овој период нејзиниот култ ќе стане синтетизиран и ќе поприми автохтони елементи и атрибути од други познати божици во грчко-римскиот пантеон.

Статуа на Изида откриена во април 2012 на археолошкиот локалитет Стоби

И покрај тоа што Изида е египетска божица, храмови посветени на неа има низ Балканот и во Македонија. Последен од нив беше откриен на археолошкиот локалитет Стоби. За неговото постоење сведочеше еден натпис ископан во 1977 година, но локација со децении не им беше позната на археолозите.

Според информацијата објавена на официјалниот сајт на НУ Стоби, во изминатиот период во рамките на археолошките истражувања на храмот во Стоби беше откриена мермерна скулптура од 2-от век н.е. со претстава на божицата Изида. Скулптурата со височина од преку два метри е ремек дело на античката уметност, но нејзиното значење е уште поголемо поради фактот што конечно после четири години истражувања, со сигурност е определено божеството на кого му бил посветен сакралниот објект. За постоењето на светилиште на Изида во Стоби сведочеше еден натпис откриен во 1977 година, но се до 2008 година не беше позната неговата локација.

превземено од НУ Стоби

Се поставува прашањето на кој начин култот на Изида стигнал до Македонија? Едно од ретките објаснувања може да се прочита во книгата ‘Спомениците од хеленистичкиот период во СР Макдонија’, според кое ваквите претстави на божицата Изида, датираат од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство и некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас. Ова не е прв пример за обожување на египетски божества на територијата на Македонија, а култовите посветени на секакви богови се сретнуваат се до падот на Римската империја.

Римската империја опстанала скоро цел еден милениум, бидејќи покрај многу други работи, на луѓето им дозволувала да веруваат во кого сакаат и да подигнуваат храмови посветени на божествата кои ги почитуваат. Тоа било се до признавањето на христијанството како официјална религија, а потоа почнува мрачното доба во светот на науката која ќе талка со столетија додека излезе од заплетканите лавиринти на своите замки. Како за крај на овој текст, за да спознанието кон религиите на стариот свет ви го прошири светогледот, најтопло го препорачувам филмот Агора.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here