Што се поздразбира под терминот културно наследство? Дали луѓето од некоја земја можат во сегашноста да препознаат каква категорија на наследство ќе биде вклучена на листата на светското културно богатство во иднина? Каков ќе биде карактерот и влијанието на новите проекти кои го вклучуваат тоа наследство за новите генерации? Ова се само некои од прашањата со кои се соочуваам секој ден како професионален археолог и како туристички водич. А всушност, како изгледа едно културно наследство, ако замислите дека сте турист во сопствениот град, и ангажирате водич за да ви ја раскаже приказната за него.
Пред 2 години заедно со мојот пријател, уметникот Зоран Попоски, реализиравме еден зеднички проект насловен како “Градска тура 2000-2010”, каде што тој ме најми како лиценциран туристички водич (независно од мојата титула како археолог), да го прошетам низ културните обележја создадени за време на последната деценија во Скопје. Град во кој и двајцата живееме од своето раѓање. Во описот на проектот, Попоски ќе напише: “Градската тура низ новите икони на урбаниот културен пејсаж што се одвива врз фонот на огромна економско-социјална трансформација најавниот простор, во овој пост-социјалистички град резултира со зголемена потреба за толкување на значењето на оваа нова топографија”.
Од овој проект произлегоа неколку стручи и популарни текстови, патувања на разни светски конференции, како и подлога за документарец кој со Зоран Поповски заедно го снимавме лани летото во продукција на Алфа Телевизија во рамките на документарната емисија ‘Живот’ со авторот и новинар Зоран Бојаровски. 🙂
Фото документацијата од турата може да се погледне тука.
Фотографиите се сопственост на @Зoран Попоски
ФОТО-ЕСЕJ: jавниот простор како културно наследство