Home Администрација Стоп за #ACTA

Стоп за #ACTA

4,129 views
1

Прво беше #SOPA, а сега е #ACTA! Што е ACTA? ACTA е сѐ она што не сакаш да ти се случи кога удобно ќе седнеш пред комјутерот да пребаруваш музика, филмови, книги, наука, информации, комуникација … на интернет. ACTA е акт кој претставува заштита на интелектуалната сопственост насочена кон рестрикцијата за споделување на знаење по пат на отворен пристап. Иако не се однесува директно на Македонија, ACTA е нешто кое мора да те допре бидејќи ќе го промени историскиот развој на светот бришејќи ја колективната меморија за цивилизацијата. Слободниот пристап на информации мора да постои, како што треба да постои и специјална институција во 21 век која ќе ги архивира веб сајтовите, порталите, блоговите … затоа што мора да се зачуваат заради историчноста на настаните. Во спротивно би можело да настане т.н. “digital dark age”, во кое ќе останат закопани многу информации и историски податоци, а луѓето ќе се соочат со уште поголеми дупки во врска со одредени настани.

Да ви појаснам, доколку не разбирате. Ако постои ACTA, ќе треба да престане да постои мојот сајт, бидејќи ќе плаќате за секој мој стручен оригинален напишан збор на интернет. Јас ќе ставам дека се моите текстови free of charge и повторно ќе постојам, бидејќи целта не ми се парите. Но што со оние сајтови кои вредат, а нема да се изборат да бидат читани по пат на плаќање. Јас сум само мал дел од илјадниците интернет страници што овој акт сака да ги стави под контрола, бидејќи на овој начин се става генерално интернетот под контрола. Главното мото на Археоблог со сите негови поддомени е слободно споделување на знаење за еден подобар свет …

Затоа велам – Стоп за #ACTA!

——————————–
Твојата реакција е потребна, затоа информирај се и сподели што е тоа ACTA!

1 COMMENT

  1. Ма ова ти е добро, само како да ги сопреме. Претеруваат со затварањето на патот за информации. Некој од тие АПСАНЏИИ имаат црна дупка во мозокот, или мислат дека никој не може да ги сопре. Што ако неко може да ги сопре?
    К

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here