Home Антропологија Чистење и конзервација на праисториските камени алатки

Чистење и конзервација на праисториските камени алатки

3,950 views
0

Со години ги проучувам камените орудија од археолошките (претежно предисториските) локалитети во Република Македонија, и исто толку години се борам за правилен третман на овие артефакти во македонската наука. До пред неолку години скоро и да немаше ваков тип на наоди во збирките по музеите, со ретки исклучоци на некои колеги кои упорно ги документираа на терен за да можат подоцна да се обработат кабинетски и да не бидат загубени за науката.

Малиот број на артефакти од камен во предисториските збирки од Република Македонија е резултат, пред сè, на непрепознавањето на литичкиот материјал (стручен назив за камени алатки), отсуствотото на просејување и флотација, како и личниот избор на истражувачите кои од наодите да задржат во збирката. Камените алатки сè уште не се предмет на детаљна анализа во македонската археологија, а преисториските периоди во Македонија претежно се идентификуваат со керамичката продукција и покрај тоа што во своето име го носат терминот литос = камен (палеолит, мезолит, неолит, енеолит).

Овој научен труд за прв пат е презентиран на XIX симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво, кој се одржа помеѓу 25-28.10.2006 година во Делчево, Република Македонија. На тој симпозиум имав пријавено 2 научни труда, но кога дојде време да се публикува гласилото на МАНД, Macedonia Acta Archaeologica, од колегите добив објаснување дека овој труд не може да биде поместен во зборникот затоа што сум имала предадено веќе еден текст. Навистина ме почуди реакцијата на моите колеги да одбијат оригинален научен труд во период кога сите колеги ‘копаат’ огромни локалитети, а никој ништо не публикува. Згора на се, во време кога може да се издава електронско списание, зборникот доцнеше цели 5 години по одржувањето на симпозиумот, со што се направи огромна штета по македонска археологија.

Многу ми е драго што технологијата ги порази сите археолози удобно сместени во фотељите на некои од македонските институции. Сметам дека е редно новите генерации да ги користат придобивките на интернетот, со што ќе го надминат јазот да бидат дипломирани археолози со фелерично знаење, неприменливо никаде во светот.

Чистење и конзервација на праисториските камени алатки

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here