Повторно, по кој знае кој пат, се актуелизираше случајот со бронзениот кратер од Корешница, Демир Капија, за кој во неколку наврати пишував и давав интервјуа. Кратерот многу долго се наоѓаше во приватната колекција на фамилијата Шелби од Хјустон, а во последните неколку месеци тие го отстапија на Метрополитен музејот од Њујорк. И покрај тоа што овој вреден артафакт се наоѓа поместен во каталогот на музејот, сепак го нема во постојаната изложба на оваа институција, а кустосите немоќно молчат за причините.
На овој цртеж точно се гледа позицијата на кратерот во левиот долен агол од гробницата, а цртежот го направил оној кој присуствувал на ископувањето
Уште многу одамна семјеството Шелби кои дошле до кратерот по пат на аукција, изјавија доколку се докаже дека земјата на потекло е Република Македонија, тие ќе го вратат без поговор. Арно ама, земјата на потекло се уште молчи за овој случај, за кој е познато скоро се, освен тоа да се обелодени јавно кои се сторителите на овој криминален акт.
Пресек на гробницата од Демир Капија од непознат автор
чиј цртеж се наоѓа по цел интернет
Најголемиот проблем не е како да го вратиме кратерот, туку кој и зошто ги крие сторителите на ова (зло)дело?! Бидејќи кога тие ќе проговорат, правните докази автоматски ќе обезбедат враќање на овој вреден артефакт дома во Македонија.