Во раката го држам најновиот месечен урбан магазин, насловен како ‘Клуч’. Се работи за семеен магазин, многу пријатен и топол, кој третира интересни, современи и актуелни теми (туризмот, археологијата, светската економија, здравјето, музиката … ) пишувани од професионалци во својата област, па следствено на тоа значи дека се работи за авторски текстови. Она што е важно да се напомене при концепцијата на ова списание, е што редакцијата се оградува од секаков вид на политика и политички маркетинг. Како надворешен соработник, ми беше дадена целосна слобода во изборот и обликувањето на мојот научно-популарен текст, и овој пат решив да пишувам за ‘Градбата со арки’ или т.н. Римски Форум во Стоби, бидејќи овој локалитет навистина го заслужува тоа. Списанието се уште не може да се купи, бидејќи ова е пилот, а не прв број, но се надевам дека граѓаните тоа ќе може да го сторат во многу краток временски период.
- Cпонзорирано
- Антропологија
- Археологија
- Архитектура
- Историја
- Културно наследство
- Медиуми
- Општество
- Римско време
- Туризам
- Уметност