Home Археологија Изложби: Римската монетарницата во Mvnicipivm Stobensivm

Изложби: Римската монетарницата во Mvnicipivm Stobensivm

2,985 views
0

munic.stob.izlo

НУ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ
изложба

MUNICIPIUM STOBENSIUM – римската монетарница во Стоби

термин: Март – Април 2011

место: НУ Музеј на Македонија, сала 4

автор: М-р Перо Јосифовски

Во средата, на 02.03.2011 година во Музејот на Македонија се отвори како за наши услови, една мошне необична изложба. Таа е посветена на продукцијата на римската монетарница која околу 150 години егзистирала во Стоби, а нејзин автор е м-р Перо Јосифовски, вработен во истоимената институција, кому оваа изложба му доаѓа како надополнување на објавената книга со истоимен наслов која се отпечати пред неколку години, а беше спонзорирана од Нумизматичката збирка на Народната Банка на Република Макдонија.

Изложбата е добро конципирана и прегледна, а надополнета е и со квалитетен каталог во боја каде се презентирани претставените 176 монети од 11 римски императори, како и дваесетина „Псевдоавтономни“ монети кои биле ковани во Римска монетарница во Стоби, од 73 (кога монетарницата почнала да работи) до 217 година, кога нејзината активност замрела. Нумизматичкиот материјал е позајмен од збирката на Музеј на Македонија, како и од приватната колекција на Часлав Кузмановиќ од Скопје.

Оваа привремена поставка е значајна од повеќе аспекти. Прво, затоа што Музејот на Македонија како менаџерска институција многу ретко прави изложби од ваков тип, а второто и поважното е што едвам во светот можете да сретнете тематска нумизматичка изложба на монети кои потекнуваат само од една монетоковница, како онаа на римското Стоби. Патем ќе се забавувате со единаесет римските императори, од кои некои стварно биле откачени, а претставите на монетите верувам дека ќе ве предизвикаат да дознаете нешто повеќе за световите на древните народи кои некогаш ја наслелувале територијата на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here