Home Археологија Ќе дозволиме ли ЕУ да ни ја пишува историјата

Ќе дозволиме ли ЕУ да ни ја пишува историјата

3,731 views
2

По професија сум археолог. Исто така имам уште една титула која многу ретко ја користам во животот, а тоа е историчар на уметноста. Комплементарна професија преку која сум инвестирала во себе уште на времето, е лиценцата за туристички водич, оти увидов дека тоа е еден од најдобрите начини еден археолог/историчар на уметноста вистински да го валоризира своето знаење. Причината се некои настани како оние од минатата година кога јавно го подигнав својот глас против начинот на кој државата се однесува кон една од професиите од која би требало да има најголем бенефит. Археолозите во Република Македонија се понижени и деградирани како стручњаци во ова општество, и се додека не се изборат за своите права кои по закон им се доделени, нема никогаш да не има во научниот свет. Оти не е шала вие да го истражувате минатото на една држава, а притоа да бидете слабо платени (600 денари дневница), да немате обезбедено ХТЗ превентивна оперма заради ваша заштита (шлем, ракавици, елече, чизми), да немате потпишан договор за вашата работа на археолошкото ископување, или практично на црно да го ископувате културното наследство на вашата земја.

Unqualified guide is illegal in Republic of Macedonia
Make sure your tourist guide is licensed!

Моите професии честопати се испреплетуваат, и на терен и кабинетски, и ако еден археолог го создава културното наследство на една држава, тогаш туристичкиот водич е оној кој го интерптетира. Ова е од особена важност бидејќи туристичкиот водич е првиот и можеби најважниот фактор во туризмот, затоа што тој е контактот со кој се сретнуваат и комуницираат поединци или група на туристи кога доаѓаат во една земја. Некогаш тоа е и единствениот контакт што странците го имаат во некоја држава. Од таа причина, водичот покрај тоа што мора да биде одлично научно поткован, исто така треба да биде добар комуниколог и да има барем глобални познавања за светските политички текови, бидејќи некои земји се под постојан притисок за својот идентитет, како што е тоа случајот со Македонија.

Нешто пред нова година имав изјава за весникот Нова Македонија во врска со професионалните водичи со лиценца, за луѓето кои на диво и на црно водат во нашата држава. И што е уште потрагично тие не се странци, туку доаѓаат до домашниот приватен бизнис сектор кој мисли дека може да крои државни политики за туримот и врз база на тоа да се збогати. Овој наспис во весникот всушност потекна од една дискусија која се разви на еден мој статус на фејсбук, кога реков дека мора нешто да се стори во врска со девалвирањето на нашето културно наследство и да се заштитат водичите како културно добро за една држава.

Проблемот со нелиценцираните туристички водичи е што тие нанесуваат непоправлива штета на културата и идентитетот на Македонија, притоа извитоперувајќи ја дегутантно нашата историја. За жал, нашите туристичките водичи немаат адекватни здруженија, кои во земјата постојат, но не функционираат. Како промотори на Македонија не се законски заштитени и оставени се да се борат сами, а особено е силна борбата со странските, но и домашни водичи, кои без лиценца работат во нашата земја – вели Василка Димитровска, археолог и лиценциран туристички водич.

извадок од мојата изјава за Нова македонија

Туристичките водичи и придружници се во многу кревка и неорганизирана позиција, поради фактот што се релативно нова фела, но и тоа многу брзо ќе се смени. Она за кое што сум јас вистински загрижена е што во последно време Министерството за економија (во чии рамки функционира секторот за туризам), има иницијатива да се легализира водењето на странските туристички водичи во Република Македонија. Тоа само би направило дополнителен хаос во и онака несредената и никаква туристичка инфрастуктура, во која нема ниту нормален публикуван водич, мапи и каталози во кои реално е претставена Македонија и нашето наследство без дополнителноо измислени приказни.

Уште веднаш јавно да кажам дека сум исклучително против ваквата одлука која само може да ја доуништи нашата историја, култура и се она што се обидуваме да го ставиме на нозе како наше културно наследство во последните 20 години, од осамосталувањето па се до големите археолошки кампањи 2007-2010. И зошто ваква одлука? За да бидеме конкубина на ЕУ со држави кои би праќале кај нас свои водичи да го интерпретитаат нашето наследство и историја, а од друга страна некои од нив дури не не’ признаваат под уставното име дека постоиме. Е богами, не го дозволувам тоа, ни како професионалец, ни како граѓанин на оваа држава.

2 COMMENTs

  1. Изгледа дека одговорот на прашањето од насловот е да. А и не треба да се изненадуваме, оти државите од јадрото на ЕУ не само што ни ја пишуваат историјата, туку се и главните архитекти на поновата историја на Македонија. Едноставно државните службеници немаат осет за државни интереси, а понекогаш мислам дека работат што побрзо да ја обезличат Македонија а не да ја заштитат и неа и нејзината историја.

  2. Мислам дека секој ден е се повеќе јасно колку не треба да станеме членка на ЕУ. А особено после фактот што самата Европска Унија се распаѓа од внатре започнувајќи со непочитувањето помеѓу членките една со друга и исто така евидентниот распадот на валутата Евро. Само ви посакувам на вас Археолозите да не изгубите ентузијазам и волја да си ја работите работата како што треба затоа што сепак е премногу благодарна :)…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here