Home Археологија Приказните што ги открива македонската археологија – блок за археологија во списанието...

Приказните што ги открива македонската археологија – блок за археологија во списанието Културен Живот

1,963 views
0

Од печат излезе последниот двоброј 1-2/2010 на Културен живот, списание за култура, уметност и општествени прашања. Многу сум горда што овој број во голема мера е посветен ма македонската археологија, а јас го имав задоволството да ја превземам улогата на гостин уредник околу текстовите со тематиката за културното наследство. Повикот беше неколку пати упатен до сите колеги, и во овој број се најдоа трудовите на оние кои испратија своите текстови до редакцијата.

Приближувањето на благородната мисија на вистинската археологија до читателите и публиката е една од примарните цели на оваа наука. Токму поради тоа, овој број на списанието Културен живот во голема мера е посветен на културното наследство кое потекнува од територијата на нашата држава, а темите се движат околу ‘Приказните што ги открива македонската археологија‘. Блокот опфаќа поширок дијапазон на теми и осврти како кон археологијата, така и кон културното наследство воопшто или тематики кои ги допираат овие науки.

Последниве неколку години се испишуваат нови поглавја во културниот живот на Република Македонија кои придонесоа да се зголеми јавниот и медиумскиот интерес за археологијата, иако таа како наука никогаш не била вон фокусот на вниманието. Изјавите, текстовите и размислите на археолозите како јавно ангажирани стручњаци имаат огромно влијание врз развитокот на одредени сегменти од општествениот и културниот живот на една држава.

од воведот на Културен живот 1-2/2010

Како гостин-уредник, ми припадна честа и задоволството да го напишам уводниот дел на овој број. Свесна сум за тежината која наука како археологијата ја има за идентитетот на еден народ, за неговата историја, култура и традиција, но уште повеќе сум свесна дека и покрај огромното културно наследство кое го имаме и неколку стотините невработени археолози со потенцијал и капацитет да не стават на мапата на светот, сепак во Македонија отсуствуваат стручни списанија каде што археолозите ќе дадат свое мислење, критичка рецензија и најсетне ќе публикуваат свој оригинален научен труд. Такво стручно списание и покрај мегаломанските ископувања и финансии инвестирани во археологијата, за жал се’ уште не постои во Македонија. Секако, има неколку примери на приватно покренати списанија од оваа област, но тука повеќе се става на вагање фокусот на државата која финансира само еден сегмент од истражувањата, тоа се ископувањата, додека другите две, публикација и промоција отсуствуваат.

Приказните што ги открива македонската археологија

За сите заинтересирани, списанието Културен живот може да се купи по цена од 200 мкд во книжарниците ‘Или Или’ и ‘Табернакул’ или да се нарача директно кај мене. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here