Музеј и Завод Штип
Ве поканува на промоција на книгата
Анзабегово – населба од раниот и средниот неолит во Македонија
од Воислав Санев
05. Ноември (петок) 2010 год.
во 18 часот, Собрание на град Штип
Книгата “Анзабегово – населба од раниот и средниот неолит во Македонија” е монографско издание на резултатите од истражувањата на локалитетот Барутница, подоцна во научниот све познат како Амзабегово. Резултатите од археолошките ископувања на овој локалитет поместени во книгата се случувале во 1969 и 1970 година, од страна на тогашната Југословенската екипа во проект со експерти од САД. Уредник на изданието е Воислав Санев, а автори на текстовите се Воислав Санев, Милутин Гарашанин и Драга Гарашанин. Издавач е Музеј и Завод Штип.