Дома Археологија Покана до македонските археолози за соработка со Културен Живот

Покана до македонските археолози за соработка со Културен Живот

1,940 views
1

За списанието Културен Живот пишувам веќе неколку години. Некои од текстовите биле презентирани и на симпозиумите на македонските археолози, а дел од нив може да се пронајдат во pdf. формат на мојата сметка на scribd. Следниот двоброј на ‘Културен Живот’ во голема мера ќе биде посветен на македонската археологија. Ја имам честа овој број да бидам уредник, па некаде во август испратив циркуларен мејл до оние колеги чии електронски адреси веќе ги имам, со надеж дека ќе ја препратат поканата понатаму. Но не добив некој голем одзив, а и македонските археолози не се познати како некои научни скрибомани. Бидејќи знам дека повеќето од колегите ги читаат моите сајтови и блогови, циркуларниот мејл го подигнувам уште еднашка јавно, за да сигне до секој заинтересиран.

Почитувани колеги,

ве повикувам да земете учество со свој текст во следниот двоброј на списанието за култура, ‘Културен Живот‘. Овој број ќе биде во голема мера посветен на археологијата, јас сум почесен уредник на тематскиот блок, а насловната тема би требало да се движи околу ‘Приказните што ги открива македонската археологија‘. Блокот ќе опфати поширок дијапазон на теми и осврти како кон археологијата, така и кон културното наследство воопшто или тематики кои ги допираат овие науки. Би ви биле благодарни ако во авторските текстови одберете приод соодветен за списанието кое не е стручно и чии читатели се од сите сфери на културниот живот во земјата и во странство – односно, ако ни ги раскажете приказните зад наодите за кои ќе пишувате. Испраќајте свои авторски оригинални текстови за откритија на кои сте работеле, или рецензии, размислувања … Рокот за праќање на текстовите е до 10 Ноември. Ве молам препратете го овој мејл до сите заинтересирани.

Текстовите праќајте ги на мејловите:

Димитровска Василка – info@arheo.com.mk
Сеад Џигал – sead.dzigal@gmail.com

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Tweets that mention Покана до македонските археолози за соработка со Културен Живот -- Topsy.com

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име