Дома Археологија Пу, јаз’к, пак ја изрезиливме нашата апокалиптична историја

Пу, јаз’к, пак ја изрезиливме нашата апокалиптична историја

4,469 views
2

Што е интернет? Интернет е медиум на кој луѓето можат да напишат и да објават што сакаат и притоа да не платаат даночна стапка, ниту да одговараат кривично за давање на лажни изјави во јавноста. Но кога тоа ќе го направи медиум со ‘кредибилитет’, станува навистина дискутабилно какво влијание ќе предизвика напис кој во најмала рака никако не би можел да се смести во категоријата на истражувачко новинарство.

Долга е листата на лоши медиуски истражувања од областа на културно-историското наследство на Македонија. Духови, гробови на Александар Македонски и останатите салтанаати само го пополнуваат потсмешливиот презир кон македонските медиуми кој се создава кај дел од читателската публика. Во редот на големите (за жал) медиуски промашувања е и денешната колумна во Дневник со наслов ‘Апокалиптична историја’.

Не знам дали им е срам на Дневник да го објават овој текст, кога сите знаеме што е The Onion? Едноставно, не ми се верува дека се уште постои некој кој наседнува на шегите на овој портал!? На сајтот на Дневник под горенаведениот напис пишува: ”Оставете коментар за објавената вест.“ Но јас лично никогаш не сум прочитала било каков коментар под некоја колумна на Дневник, бидејќи коментарите од читателите не се објавуваат. И со право! Кој ќе трпи умни читатели да солат памет, кога може елегантно да се стават на игнор и да се замолчат. Затоа на припомош се секогаш расположените социјални медиуми (за многу новинари тие и не се ‘медиум’) каде веќе има редица од исмевања на сметка на несериозноста при трансферирањето на информации кои со лесна мисла а тешка рака, задираат во нашиот кршлив идентитет. Па добро, колку чини еден медиум да најми професионален историчар да ги следи светските текови и да пишува колумни? Секако помалку од резилот кој ќе остане за навек на интернет да посведочи дека навистина имаме ниски страсти во перверзниот свет на искривените факти, во кои е вгнездена нашата темна страна од историјата каде секој ни е крив што сме олку збунети.

Реакции на македонскиот веб:

It.com.mkДневник се посрамоти, му поверува на The Onion

Нова Mакедонија: ‘Онион’: Грчката антика ја измислија историчарите во 1971 година

2 КОМЕНТАРИ

  1. Додека научиме да се служиме со Интернет, ќе затупиме комплетно. 🙂

    Добро си го уловила ова, аферим!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име