Дома Археологија Откритието во Етиопија и културата на облутоци

Откритието во Етиопија и културата на облутоци

4,703 views
3

Пред некој ден пристигна известување за нов пронајдок во Етиопија, во регионот Дика, кој најверојатно ќе ги помести културните граници на човечкиот род. Се работи за фосилни животински коски кои покажуваат траги од сечење со камен за да се отстрани од нив срцевината. Пронајдените наоди од Етиопија по староста се совпаѓаат со хоминидните остатоци на Australopithecus afarensis, и секако најрепрезентативниот примерок од овој вид претставен со фосилот “Lucy“.

Палеолитот кој го опфаќа целиот плеистоцен, до почеток на холоценот или нашата геолошка сегашност, е поделен на три периода – Ран, Среден и Доцен Палеолит.

Во Раниот Палеолит припаѓаат културите Олдован и Ашелен. Една од најстарите култури означена како Олдован (Oldowan) ја опфаќа индустријата на наједноставните алатки во форма на камени облутоци со оштри рабови кои човекот познат како Homo habilis ги изработил пред околу 2,5 милиона години во Африка. Истовремено со него живеле и Australepithicus-ите, но се уште со сигурност не се знае дали и тие изработувале алатки. Токму поради ова, откритието во Етиопија кое е веќе е публикувано во списанието Nature, добива на тежина.

Култура на облутоци (eng. Pebble culture)

Ознака за најстарата палеолитска култура, која во Африка, Азија и Европа и претходи на ашеленската култура. Се карактеризира со орудие во голема мера изработено од кварцни облутоци, и тоа со помош на елементарна техника на одбивање – со директен удар на еден камен врз работ од друг камен. На овој начин се добива чопер (chopper), еднострано или двострано изделкан, со отпорен раб погоден за дробење и расцепување на тврди материјали (дрво, коска), а покрај него и неколку кратки одбитоци кои служеле за стругање и сечење на кожа, тетиви и месо од животни.

Chopper од Дманиси, Грузија
со старот проценета на 1,850,0001 п.н.е

Понапредната верзија на чоперот е означена како чопинг тул (chopping tool). Делкањето е ограничено само на мали површини, така да природната форма на суровинскиот материјал битно не се менува. Покрај чопери се изработуваат и т.н. полиедри, дискоиди и сфероиди, а во престојувалиштата е пронаоѓан и камен кој е собиран во околината поради необичниот облик, боја или тврдина, т.н manuports. Како творец на овие култури е означен Homo habilis. Во поново време терминот култура на облутоци се користи се поретко и со многу ограничувања, затоа што орудијата од облутоци се појавуваат и во некои многу подоцнежни палеолитски култури, особено во поединечни делови на Азија, каде не е употребувана т.н. јадрова техника на делкање, типична за ашеленската култура.

Цртеж на  алатка означена како Chopping tool

3 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Tweets that mention Откритието во Етиопија и културата на облутоци -- Topsy.com

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име