Не се сложувам со изјавата дека ‘Скопската тврдина до јуни ќе биде целосно археолошки истражена‘, бидејќи тоа едноставно не смее да биде така. Методите со кои се служи археологијата постојано се развиваат и доколку не е возможно да се спроведат различни анализи и правовремено објавување на наодите, потребно е археолошкото ископување да се остави за во иднина. Денеска во многу земји (ама очигледно не и во Македонија), законски е регулирано дека 1/2 или барем 1/3 од наоѓалиштето мора да остане неистражено за некои понапредни методологии и идни генерации на археолози. Секако тоа не важи за заштитните истражувања, кога археолозите се доведени во позиција дека мораат да го спасат, она што во моментот може да се спаси. Но ова не е случај со Скопското Кале кое во последните неколку години се претвори во Arheoville на кое како на фарма работат повеќе од 300 археолози и работници.
Како изгледа сонда од праисторија на Скопското Кале
02.04.2010
Оваа 2010 година се навршија 3 години од ископувањето на Скопското Кале (сезона 2007, сезона 2008 и сезона 2009). Зошто го споменувам овој податок? Затоа што болна точка во македонската археологија е проблемот со непубликувањето на наодите. Законот за културно наследство кој може да се симне од сајтот на УНЗК (Управата за заштита на Културното наследство) укажуваат на тоа дека:
Археологот пред да го напушти теренот должен е да се потруди максимално тој да биде технички обезбеден. Во рок од 3 месеци да поднесе до УНЗК извештај за извршените археолошки истражувања. Во рок од една година на УНЗК да и ја предаде финалната документација од истите. Во рок од три години да ги објави резултатите и да ги предаде движните наоди на својата матична институција или друга национална музејска установа.
Како надокнада за неговиот труд, државата му дава на археологот научно право од три години за да може наодите кој ги пронашол да ги обработи и научно публикува. Потоа наодите се враќаат во институцијата која е задолжена за нив и по закон му припаѓаат на секој граѓанин на РМ, т.е. “Грижата за културното наследство и неговото почитување е должност на секој граѓанин” (ставка 5, член 7, глава I од Законот).
од мојот пост
Како убив артефакт – Непубликување на наодите, болна точка на македонската археологија
Пред извесно време поминав на Скопското Кале каде археолошките ископувања, конзервацијата и реконструкцијата на одредени делови од тврдината траат во континуитет од неколку месеци до неколку години. Сакав да им покажам на моите пријатели од странство што се случува со едно од најголемите и најскапите ископувања во Македонија, откако постои археологијата во нашата земја.
Обувки и отпадоци во сондите на Скопското Кале
02.04.2010
И после 3 години ископување и постојано присуство на луѓе од фелата на културното наследство, Скопското Кале тоне во ѓубре. Повелете посетете го и уверете се самите! Се прашувам зошто се фрлаат толку многу пари за археолошки ископувања и конзервација, а истовремено во сондите и јамите кои треба да се заштитени како културно добро, може да се презентира менито од исхраната на несовесните граѓани? Има ли некој надлежен кој треба да одговара за ваквото уништување на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет?
Патем и јас бев дел од екипата во ископувањето од 2007 година, но ако мене ме прашате, наодите од Скопското Кале нема никогаш да се публикуваат. Тие се засекогаш загубени за науката. Не се работи за капацитет или квалитет, туку за когнитет во континуитет кој во последните 20 години и недостасува на македонската археологија. Но добро, да почекаме, можеби некогаш и некаде ќе се објави некој сериозен научен труд. Ако успееме да ги пронајдеме наодите во виртуелниот свет на македонскиот Arheoville.
Како тоа си сигурна дека немале никогаш да се објават. Драги Митревски се потруди да ја објави книгата Вардарски Рид Toм 1. и ако не се лажам тоа беше прва заокружена публикација на еден систематски работен локалитет, од 91 па навака.
Така што незнам што ти дава за право да тврдиш вакво нешто?