Home Cпонзорирано Истанбул – Европски град на културата за 2010 – (Дел 1)

Истанбул – Европски град на културата за 2010 – (Дел 1)

2,730 views
0

Европски град на културата е манифестација која за прв пат почнала да се одржува на 13. јуни 1985. година во Атина, благодарејќи на залагањата на тогашната грчка министерка за култура, познатата глумица Мелина Меркури. Оттогаш, секоја година овој настан се случува во еден или повеќе градови во рамките на Европската Унија, каде во период од една година избраниот град ги претставува пред се своите, но и туѓите достигнувања од областа на културата. На почетоткот се бирале градови кои имаат богато културно-историско минато. Во последните неколку години дојде до одредени промени, па статусот Европска престолнина на културата го добиваат оние градови кои оваа манифестација ја користат како начин да го оживеат и раздвижат културниот живот на својот град. Европски град на културата е престиж, но и средство како да се поттикне културниот потенцијал во еден град кој опфаќа многу дејности повзани со него (туризам, угостителство, услуги, сообраќај). За 2010 година три града беа избрани да ја понесат оваа титула: Есен во Германија; Печуј во Унгарија и Истанбул во Турција.

Веројатно најпознат и најславен од сите овие градови е некогашниот Бизант главен град на три империи, Римската, Византиската и Отоманската, денеска познат како Истанбул, огромна светска метропола и незваничен главен град на Република Турција. Според многумина тој е означен како крстосница каде се сретнале културниот Запад и мистичниот Ориент, оставајќи зад себе непроценливо културно-историско богатство преточено најмногу во архитектурата која доминира над Златниот рог во Босфорскиот Залив.

[youtube]Mv-KcF3Rkv8[/youtube]

Славата го прати овој град уште од неговите почетоци, кога римскиот император Константин I во 330 година решил својата престолнина од Италија да ја пресели во Бизант, нарекувајќи го Новиот Рим. Само неколку години подоцна во него тој ќе го признае и христијанството како една од официјалните религии на многубожното римско царство. Тоа име, меѓутоа не фатило корен кај народот и наместо него се повеќе се употребувало името Константинов град т.е Константинопол. По распаѓањето на царството, Истанбул станал главен град на Источниот дел од римската имеријата кој по него ќе биде наречен Византија.

Благодарејќи на добрата позиција како раскрсницата на главните копнени и морски патишта, како и фактот дека бил средиште на најзначајната држава во тоа време, Цариград – средновековниот грчки назив на Истанбул, доста брзо се развива и наскоро станува најголем и најбогат град во тогашниот свет.

По Крстоносните војни од 1204 година Цариград е седиште на Латините, се додека во 1261 не го ослободи никејскиот цар Михаил VIII Палеолог кој го обновува Византиското царство. После долга блокада и опсада од страна на турскиот султан Мехмет II, Константинопол ќе падне во вторник на 29.05.1453, напад после кој градот претрпел огромно пљачкосување и разорување, а во одбраната погинал и последниот византиски цар Константин Драгаш.

Цариград, како главен град на Турската империја, доживува огромна промена од Византиски во Отомански град. Црквата св.Софија (Аја Софија) како и уште неколку цркви во градот, се претвораат во џамии. Всушност, по целиот град се подигнуваат џамии, затоа што секој султан сакал со градењето на џамија да ја покаже својата големина. Најубави се секако онаа на Сулејман (која е и најголема во градот), Фатиховата, Бајазитовата и на султанот Ахмет (Плава џамија).

При градењето на Плавата џамија, која се наоѓа помеѓу денешниот древен хиподром и Аја Софија (плоштадот Султанахмед), ќе биде зафатен еден дел од оригиналната Големата палата во Константинопол, што ја изградил Константин I. Таа служела како административен и церемонијален центар на градот до почетокот на 13 век. Многу пати уништувана и обновувана, кога Мехмед II влегол во градот во 1453, тој ја нашол разурната и напуштена. Со изградбата на Плавата џамија ќе бидат оштетени скоро сите слоеви од времето на Константин I и Јустинијан I, а со археолошките ископувања кои започнаа пред неколку години спасен е само мал дел кој денеска се наоѓа врамен во т.н. Музеј на мозаиците. При една моја посета на Истанбул, направив напор да го документирам овој музеј.

[youtube]ZsFMI6ySiew[/youtube]

Продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here