Дома Археологија Препорака за читање – виртуелни извори за археологијата

Препорака за читање – виртуелни извори за археологијата

3,776 views
4

Веќе одамна Гугл и неговите производи станаа незаменлива алатка за рекогносцирање, без која не може да се направи едно археолошко истражување или ископување. Денеска е можно дури и да се рекогносцира (површински прегледа) скоро секој дел од земјината топка, вклучувајќи ги и оние археолошките локалитети кои се наоѓаат во кризни подрачја.

Одамна сме веќе сите мапирани со помош на програмите Google Earth и Google maps и следниот чекор е како најдобро да се искористи Google за (само)промоција. Лична и колективна.

Подолу се три проекти кои беа неодамна пуштени во оптек на интернет. Тие го вклучуваат Google и сите негови карактеристики, како и разните видови на мета податоци (фотографии, видеа, линкови до интернет страници) кои можат да се вметнат во програмите.

1. Артефактите од Ирак ставени онлајн

Еден месец по изјавата на директорката на Ирачкиот музеј за NYTimes, артефактите од Ирак веќе можат да се погледнат на интернет. По двете случки во последните 20 години, уништувањето на Вавилон и нападот на Ирачкиот музеј кога беа искршени и откраднати илјадници артефакти, владата на Иран реши дека најдобар начин да ги заштити своите артефакти е ако ги постави онлајн во виртуелен музеј.

[youtube]1K7exfpRvpg[/youtube]

Детали од Портата на Иштар кои ги снимив при една посета на Музејот на Ориентални уметности, Истанбул

2. Ископините на Помпеја во 3Д преку Гугл

Се работи за проект за кој како подлога е употребен Google maps кому му се додадени фотографии од корисниците за да може полесно во 3д да се доживее Помпеја. Истражувањето ви дава позиција од која можете да го гледате археолошкиот локалитет во Италија одозгора, да се движите по неговите улиците и низ објектите.

3. Траекторијата за аџилак до Сантјаго де Компостела – колаборативен проект на шпанскиот гугл во спрега со Wikipedia и  сајтот направен специјално за таа намена, каде секој заинтересиран за ова патешествие може по етапи да ги истражува регионите и градовите кои се вклучени во овој итинерар.

Заклучок:

Податоците на интернет се она коешто ќе опстане во блиската иднина. Секако, доколку интернетот не биде заменет со некоја подобра и понапредна технологија. До тогаш, не би било лошо да ги засукаме ракавите и бидејќи за сега во Република Македонија постојат само археолошки ископувања, но не и публикувања на наодите, редно е барем она што го имаме да го поставиме пред светот и критичкиот поглед на јавноста.

4 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to mariage

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име