Бев замолена да ја поставам информацијата на мојот сајт, бидејќи оваа вест не можете никаде да ја прочитате на интернет, и затоа ми претставува особена чест да ве поканам на промоција на една книга во името на Македонида, здружение за валоризација, популаризација и педагогија на културното наследство, од Скопје, Македонија.
Книгата – водич “Седум споменици на културата во Скопје и Скопско”, ќе биде промовирана вечерва (12 ноември, четврток) во Музејот на Град Скопје во 20:30 часот. Книгата се промовира во рамки на прославата на 13 ноември, денот на ослободување на Скопје. За спомениците во неа пишуваат професор д-р Елизабета Димитрова, автор, професор д-р Снежана Филипова, автор, Венета Иљовска, автор и Гордана Велков, коавтор. Издавач на книгата е Македонида, а главен и одговорен уредник е професор д-р Панче Велков. Промотор на книгата е професор д-р Сашо Коруновски.