Home Антропологија Човекот кој одново ја напиша (пра)историјата

Човекот кој одново ја напиша (пра)историјата

3,273 views
1

Потеклото на човекот е една мистериозна приказна чие клопче се отплеткува со секој нов откриен фосил од хоминид или хоминин. Наспроти одамна поставената теза за Афирканската Ева, дека освен неколку луѓе во Африка, сите ние сме емигранти, во последната деценија се појавија хоминидни фосили кои ги соборуваат децениските востановени тези.

Едно од откритијата доаѓа од Дманиси во Грузија (Georgia) во вид на фосилизиран череп и вилица пронајдени во археолошките кампањи на ископувањата во 1999 и 2001. Означен како Homo georgicus, овој фосил стар околу 1.8 милиони години се движи помеѓу видовите на Homo habilis и Homo erectus. Прв пат сторијата за него беше публикувана во научното списание Science, при што и научно популарното списание на AIA му посвети свој напис.

Ако најстариот човек од Олдувај своите алатки ги направил пред околу 2.1 милион години, а оној од Дманиси пред околу 1.8 милиони години, тоа дава интересна перспектива дека движењата на миграциите во минатото биле поинакви од нашата однапред замислена глобална колонизација. Историјата на човештвото е таква што записите за нашето минато се менуваат со брзината на секое ново откритие.

Препорачани написи @TheIndyNews

Steve Connor: The story of humans unravels

A skull that rewrites the history of man

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here