Дома Археологија Колку чини еден Вавилон

Колку чини еден Вавилон

3,065 views
2

Културното наследство од минатото е скапоцен, не-обновлив извор. Како дел од нашето неделиво човечко наследство им припаѓа на сите луѓе, бидејќи од него учиме, растеме и се надраснуваме на лично и општествено ниво. Секое негово уништување не лишува од информации за древните општества кои како црни дупки се појавуваат во историјата на човековото минато.

Детал од Портата на Иштар – Пергамонски Музеј, Берлин

По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина.  Згора на тоа во 2008 година UNESCO го симна од Светската листа на културни добра, со што  светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. Дали вреди што американската влада ќе даде 800.000$ за “рехабилитација” на Вавилон, кога USA трупите во 2003 комплетно го демолираа и непровратно уништија дел од заедничкото светско културно наследство! Дали вреди да се ревитализира нешто  во реална форма, кога она што било автентично веќе не постои?

[youtube]1K7exfpRvpg[/youtube]

Детали од Портата на Иштар кои ги снимив во Музејот на Ориентални уметности, Истанбул

2 КОМЕНТАРИ

  1. Здраво, Arwena! Го прочитав Твојот материјал за Вавилон. Навистина е жално тоа што се случи со Вавилон во 2003 година при инвазијата на американците на Иран. Посебно ми е жал поради тоа што јас, неколку години пред инвазијата, престојував во Ирак, Багдад, а Вавилон го посетив неколку пати. Од тоа што го видов тогаш бев восхитен. Неверојатна убавина.Но од 2003 година наваму, по она што го прочитав и слушнав, Вавилон не е веќе истиот. Вавилон го зедоа под свое американците, и во зависност од тоа кој поточно го држеше него (која војска, од која земја која учествуваше во инвазијата), тој и располагаше со Вавилон, со неговите ѕидини со рељефи од животни и други артефакти од тоа далечно време, Сега сигурно голем дел од артефактите се растурени по светот во приватни колекции, како што веќе од порано се израстурени по светот рељефи и артефакти, пример во Истанбул, а каде и се не. Александар Македонски, кој го завојувал Вавилон, не го разорил, туку го надградил, така кажано, а последователните завојувачи немаа многу обзири кон Вавилон, а страшно е што последниот удар му беше зададен со страшните настани за Ирак во 2003 година и подоцнежните години.

Leave a Reply to mariage

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име