Дома Антропологија Ќе се документира егејската голгота

Ќе се документира егејската голгота

1,877 views
0

Во рамките на „Проектот за заштита и архивирање на културното наследство од Егејска Македонија“ чиј иницијатор е Сојузот на стопанските комори на Македонија, Институтот за национална историја реши да реализира една идеја, која одамна требаше да биде документирана. Имено, во медиумите почна да циркулира повик на кој може да се пријават сите што имаат документи, писма, фотографии, артефакти, лични предмети кои се однесуваат на тој период.

Идејата е да се соберат сеќавања, артефакти, фотографии, сето она што го имаат луѓето кои ја искусиле судбината на егејската голгота, од 1941 до 1949 година. Проектот е многу значаен оти годините си одминуваат, генерациите по природен пат си заминуваат. За идните поколенија нема да остане ништо. Можеби по многу години некој ќе побара да види и да чуе човек што лично ја раскажува својата животна приказна. Сето тоа треба да биде документирано бидејќи е дел од македонската историја. На пример, претседателот на Иран денес кажува дека Холокаустот е измислица и дека воопшто не се случил – објаснува Чепреганов.

линк до написот во Дневник

Воведот од мојата рецензијата за книгата “Проколната земја”, најдобро документира што точно се случуваше со егејците кога им беше дозволено да минат во Грција. За жал ми починаа и бабата и дедото кои беа родени во село Ајватово до Солун (денеска Лити), и сите нивни браќа и сестри кои би можеле да бидат сведоци. Се што имам дома се останатите тажни прикаски и секако документи, тапии од земјиште, фотографии, артефакти, географски мапи и многу други работи. Сега ли им текна да прават документација за егејците кога умреа оние кои вистински ја поминаа голготата?! Ќе почнат и децата бегалци да умираат додека ги направат записите. Малку е чудно што по толку години почнаа да се отклучуваат архивите, но добро е што барем се покрена некаква иницијатива. За некои работи никогаш не е доцна, бидејќи не застаруваат. Некои “болки” никогаш не биле вон фокусот на вниманието, a веројатно најтешки се оние кои човештвото ги носи инкорпорорано во својата колективна свест, за да послужат како пример на идните генерации.

Минатото не треба да се оживува, треба да се надживее. Но за да го надживееме, најпрво треба да го запознаеме за да можеме да го надраснеме. А пред тоа, треба да го запишеме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име