Сите што бараме информации на интернет, а ни требаат веднаш и по квалитет и по квантитет, го користиме твитер (twitter) моментално еден од најпопуларните сервиси за микро-блогирање. Постојат повеќе помошни алатки за овој сервис и јас во моментов иако има и свои багови, го користам TweetDeck. Таму можам да ги следам твитовите организирајќи ги по категории за подобра прегледност. Пред некој ден налетав на твитот на Kris Hirst, која е професионален археолог и го води целиот оддел за археологија на сајтот About.com. Во својот последен блог пост, на едно место ги има собрано профилите на твитер за некои од поинтересните проекти, институции, медиуми или луѓе кои се бават со археологија. Верувам дека некои од вас можеби ќе си ги прошират сегашните пријатели или ќе си најдат некое ново интересно поле за следење во областа на археологијата.
[…] Твитер и археологијатаНе живеј пасивно, сподели активноТвитај во реално време за да знае светот дека постоишКако револуцијата ќе биде твитуванаНекои мои размисли … […]