На покана од организаторот, утре (21.05.2009) ќе бидам дел од конференција на тема: Употреба на кирилицата на интернет. Настанот ќе започне во 10.00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци”, како еден од начините на соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија во областа на информациски и комуникациски технологии- политики и практики.
Учесници :
+ Министерство за информатичко општество – Иво Ивановски, министер.
+ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Филип Петровски, директор.
+ Претставници од Бугарија, експерти од областа на информациски технологии.
+ Претставници на блогосферата од Македонија.
Дебатата е од отворен тип, верувам дека ќе трае неколку часа и поканети се сите заинтересирани. На темата пост веќе пишаа Волан и Виолетова.
“во интернетот” ?? 🙂
него чудно нешто како мене не ме викнале, изгледа не ме сакаат многу 🙂
[…] изминатата конференција “За употребата на кирилицата на Интернет” која се одржа во Градската библиотека „Браќа […]
[…] се појавив вкупно на пет конференции и дебати: Употреба на кирилицата на интернет, Жените во технологијата – Дигитални граници […]