Home Археологија Изгубеното богатство на Абрузо

Изгубеното богатство на Абрузо

2,189 views
0

 

Пред неполн месец дена, земјотресот во Аквила (Италија) однесе десетици животи, разруши стотици домови, и уништи или оштети од 3.000 до 10.000 градби во самиот град и во неговата околина. Се работи претежно за културно-историски споменици, повеќето од средниот век (Santa Maria di Collemaggio, Santa Maria del Suffragio, 14th-century Tower of Medici, San Bernardino), но и за многу други дела.

Basilica Did San Bernardino, L'Aquila, Abruzzi, Italy

“The damage is more serious than we can imagine,” said Giuseppe Proietti, a culture ministry official. “The historic center of L’Aquila has been devastated.”

(citation)

Записите велат дека во 1703 г. силен земјотрес го уништил поголемиот дел од средновековниот историски центар на Аквила, кој подоцна е повторно изграден во барокен стил. Италијанската влада објави дека е се уште рано да се процени која е штетата нанесена на историските градби и уметничките дела во регионот Абрузо. Во целата оваа несреќа археолозите успејаа да откријат и праисториски населби на територијата на Аквила, кои излегоа на површина со поместувањата на земјиштето.

Постојат повеќе типови на конвенции за заштита на културното наследство кои се применуваат во вакви случаи, но ниту една  од нив нема да може да ги врати овие споменици во нивниот првобитен облик. Сите тие проекти предвидуваат реконструкција и реставрација кога објектот/локалитетот се обновува, но во таа постапка за заштита се употребуваат нови материјали, бидејќи понекогаш е многу тешко да се дојде до оригиналните, а и затоа што оправдана е замената на некои компоненти под услов да тие делови се од помало културно значење.

Santo Stefano di Sessanio

Еден ден туристите повторно ќе шетаат низ Аквила, но што ќе доживеат на своето патување. Тоа кое што ќе го видат може да биде автентично. А може да биде и вистинско. Дали со новите методологии ќе се урне границата на она што ја прави разликата помеѓу реалното и автентично културно наследство?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here