Home Археологија (Дис)комуникација во светот на археологијата, дали се разбираме едни со други?

(Дис)комуникација во светот на археологијата, дали се разбираме едни со други?

6,170 views
11

Како археолози ние комуницираме секојдневно. Во зависнот од околностите тоа може да биде со други археолози, со студенти, со медиумите или јавната публика. И секогаш таа комуникација изискува јазик кој би бил разбирлив за сите инволвирани субјекти. Јас сум веројатно единствениот археолог (со мали исклучоци) кој пишува на интернет и чија комуникација е двонасочна. Секој ден моето мислење и текстовите кои ги објавувам на блогот се подложни на вниманието од стотици луѓе кои имаат свој став и понекогаш го оставаат во вид на коментар. Но зошто другите македонски археолози не ги користат бесплатните алатки на новите медиуми за да допрат до пошироката популација?

Не смееме да заборавиме дека сите археолози се јавни археолози. Поради професионалната природа на својата одговорна работа, археолозите се должни и имаат етичка обврска и одговорност да излезат во медиумите со јасен став во однос на некое ископување или случување. Во спротивно нивното молчење ќе се третира како потврда за одредена манипулација од страна на мејнстрим медиумите, кои во последните неколку децении се ентитет кој го обликува јавното мислење. Во отсуство на научни публикации и јавни дебати, за многу луѓе медиумите се и единствениот извор на информации, како што е тоа моментално случај со археологијата во Република Македонија.

Но зошто археолозите би требало да комуницираат и на кој начин? Денеска светот е преполн со секаква литература која зад себе го има бекграундот на археологијата. Ако некој сака да стане специјалист во одредено поле и да има успех, тогаш дискурсот на неговата работа го фокусира на дел од некоја научна дисциплина, а честопати и во некоја субспецијалност. Со ова се зголемува стручната терминологија, која доведува до недоразбирање дури и помеѓу самите професионалци. А комуникацијата со јавноста станува уште попроблематична. Поради бенефитот од резултатите во сферата на културното наследство, мора да се изнајде начин тие да се разменуваат и да се трансферираат како кон научната, така и кон не-научната публика, бидејќи со одредени откритија понекогаш се засегнати региони и подрачја на кои овие резултати не се однесуваат директно. На крај краева секое истражување треба да биде подложно на јавна евалуација за да си го оправда своето постоење. А и за да се направи контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура. Само на тој начин веројатно може да се добие “научна верзија” која е најблиска до објективноста.

Сакале или не, целата академска заедница на археолозте не само кај нас, туку и во светот, ќе мора да се навикне на промените кои се веќе во оптек. Електронските публикации и отворениот пристап до нив на интернет одамна го земаа приматот над хард копи книгите. Новите медиуми – тоа е новиот начин на комуникација помеѓу археолозите и нивната публика. Алатките на новите медиуми овозможуваат директна комуникација и размена на мислења, идеи и коментари кои само можат да го поткренат нивото на динамичната научна дебата која се води на Интернет. При тоа, најважната работа е личната перспектива на археологот, кој давајќи свои сугестии преку лични искуства, ги изложува предностите и слабостите на своите тези пред критичкиот став на публиката. Секој може да коментира, независно дали е археологот во право или не. Оваа интерактивност ја обликува Интернет заедницата. Исто така го обликува и знаењето на начин кој е достапен за сите. Би можеле само да претпоставиме дека овој приод ќе овозможи нов квалитет во глобалните интер-персонални научни и едукативни дејности. Но ова засега важи само за земјите кои имаат високо развиени археолошки заедници.

А кога ќе почнат македонските археолози да “комуницираат”? Веројатно кога ќе се надмине нашата фасцинација од фрустрацијата со минатото, а притоа сите откритија, дискурси, проблеми и теории ги изложиме на критичкиот нож од светската јавност. Тогаш ќе започне нашата вистинска археолошка епопеја која ќе не постави на културната мапа, каде што отсекогаш сме припаѓале. А до тогаш треба да сме спремни за промените. Не гледаме сите со исти очи. Секое седиште има сопствено гледиште и “комуникацијата” во археологијата е предност, а не предизвик.

Клучни зборови: Василка Димитровска, археологија, културно наследство, наука, комуникација, медиуми, политика, Vasilka Dimitrovska, archaeology, cultural heritage, science, communication, media, politics

11 COMMENTs

  1. Сме или се Flebur? Јас себе си не се ставам во ист кош со оние кои добиваат финансии од државата за ископување, притоа не даваат никакви изјави, не публикуваат, а материјалот си го чуваат со години кај нив во канцелариите како да е приватен.

    А за сечење врФци има “експерти” во државава 🙂

  2. сечачи на сиџими,ортоми,врски и трски со лопата да ги риниш – а со шпакла да ги раниш,пак гладни ќе бидат.
    само сечач со сечач може да се разбере,јазикот на ножицата не е за секого.

  3. […] Три години по ред ја следам Glocal конференцијата организирана од страна на Њујорк Универзитетот Скопје, а две години по ред имам чест да бидам директен учесник. Од мој аспект морам да кажам дека постоењето на Glocal е од голема важност, зошто секој пат ме тера да направам еден исчекор нанапред и да ги впрегнам сите сили како би го извлекла најдоброто од спојот помеѓу археологијата, новите медиуми и комуникацијата. […]

  4. […] Како археолози ние комуницираме секојдневно. Во зависнот од околностите тоа може да биде со други археолози, со студенти, со медиумите или јавната публика. И секогаш таа комуникација изискува јазик кој би бил разбирлив за сите инволвирани субјекти. Јас сум веројатно единствениот археолог (со мали исклучоци) кој пишува на интернет и чија комуникација е двонасочна. Секој ден моето мислење и текстовите кои ги објавувам на блогот се подложни на вниманието од стотици луѓе кои имаат свој став и понекогаш го оставаат во вид на коментар. […]

  5. […] Како археолози ние комуницираме секојдневно. Во зависнот од околностите тоа може да биде со други археолози, со студенти, со медиумите или јавната публика. И секогаш таа комуникација изискува јазик кој би бил разбирлив за сите инволвирани субјекти. Јас сум веројатно единствениот археолог (со мали исклучоци) кој пишува на интернет и чија комуникација е двонасочна. Секој ден моето мислење и текстовите кои ги објавувам на блогот се подложни на вниманието од стотици луѓе кои имаат свој став и понекогаш го оставаат во вид на коментар. […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here