Home Антропологија До каде се лимитите на американската археологија

До каде се лимитите на американската археологија

3,654 views
2

Одвреме на време во медиумите ќе се појави вест која експресно го обиколува светот – дека е пронајдена до тој момент веројатно најстарата култура на американскиот континент. Брзината со која се шират овие информации не се должи толку многу на ексклузивноста на наодите (кои неоспорно ја имаат), туку на проблемите со кои се соочува со години американската археологија.

Досега најстарата палео-Индијанска култура, т.н. Кловис (Clovis)  има временски дијапазон најдоцна до 13 500 год. п.н.е. односно се совпаѓа со крајот на Последното Ледено доба на Американскиот континент, т.н. Глацијал Висконсин (која одговара на Würm, според Европската периодизација). Има спорадично пронајдени праисториски локалитети, но постои само еден локалитет во Минесота кој датира околу 8000 до 10,000 год. п.н.е, и кој за чудо е пропратен со човечки остатоци од Browns Valley Man.

Две работи отскокнуваат од овој строго контролиран линеарен културен итинерер – контроверзниот скелет на т.н. Kennewick Man кој беше пронајден во 1996 година со ДНК анализи кои никогаш не се направија и Солутреенската хипотезата за миграција на популациите со која се прави обид да се докаже дека луѓето кои живееле во овој културен период во Европа  (Solutean 21 000 – 17 000 BP) со својата технологија на делкање на камен влијаеле на развитокот на Кловис културата со кој имаат типолошки и технолошки сличности.

Со терминологијата “Индијанци” постои  генерално проблем во археологијата. Сите праисториски култури на тлото на Северна и Јужна Aмерика фигурираат како Пре-Колумбовски или уште попознато како Paleo-Indians cultures. Но сега тоа повлекува еден друг проблем. Како напредуваат истражувањата во САД, границата на најстарите култури се повлече на одредени 15 000 BP, кои според артефактите дефинитивно не се indigenous people, а постојат неколку теории како овие луѓе се доселиле на тој континент. Откако Индијанската популација на САД ојакна и почнаа да им се штитат правата, тие станаа свесни оти не се најстарите цивилизации  на ова тло и ваквите истражувања не им одат во прилог.

Сметам дека теминот Paleo-Indians е делумно погрешен, или можеби од сегашна перспектива неадекватно избран да го означува периодот од развитокот на цивилизациите кои на американското копно живееле пред да се доселат сегашните “домородни” индијански племиња. Би го оставила само она палео кое соодејствува со типологијата на камените артефакти познати и на другите континенти, што секако е добра тема можеби за некое идно дебатирање.

Антрополошкото праисториско стебло на популациите на американското тло е многу штуро што ме зачудувало со години. Независно од територијалното пространсто низ кое се протегаат САД, квантитетот на едуцирани археолози и антрополози кои ги продуцираат, обемот на архолошките зафати и бројните разнородни анализи имаат свој лимит. Кога работев на еден колаборативен проект во Словенија ми се придружи една колешка антрополог од САД која ме изненади што докторатот си го пријавила во Шкотска. Секако изненадувањето се должеше бидејќи ограничувањата во однос на истражувањата на праисториските скелети кои се нејзин топик на интерес, се енормно ограничени. Разговарајќи на оваа тема дознав дека лобито на Индијанците е толку големо што тие се факторот кој одлучува што ќе се случува со праисториската американска археологија и дали ќе дадат дозвола за DNK-анализа на некој скелет кој е BP, се со цел намерно да оневозможат проток на податоци кои би ги елиминирал како настара култура и со тоа им би се намалиле бенефициите кои ги имаат.

pg-146

Како последица од барањата на индијанците за кои минатото е познато и утврдено преку ритуали, духовни извори и усмени преданија – во 1990 година американската влада беше приморана да го усвои законот за Native American Graves Protection and Repatriation Act. Со овој закон се спротиставија два вредносни система, поточно две различни перцепции за односот кон времето и знаењето.  За индијанците не постои никаква причина минатото физички да се истражува, зошто е познато и се чувствува. Археолозите и антрополозите пак се бунеа бидејќи не би сакале да го изгубат пристапот до вредните информации, посебно оние кои се добиваат при ископување на некрополи. Најмногу поради фактот што овој закон го наложи враќањето на сите индијански, инуитските од Аљаска и хавајските скелети, сите гробни наоди и сите култни предмети на соодветното староседелечко население од сите музеи кои добиваат државна поддржка. Секако само доколку староседелечкото население тоа го направи по нивно барање. Ова враќање на скелетите во голема мера ја разедини, ja исполитизира американската археологија и ја подели целата заедница на археолозите во САД. Проблемот се состои во тоа како науката да се спротивстави на чувствата од фундаменталните етички вредности кои  индијанците ги имаат кон своите гробови, своето минато и својата култура?!

Американската археологија уште долго нема да може  да се ослободи од стегите кои ги има наметнато самата на себе си, а притоа огромен број на вредни научни информации од тој континент со години чекаат да бидат откриени или публикувани. И затоа не треба да чуди зошто американските школи ископуваат по локалитети насекаде низ светот освен дома. И што Спилберг снима филмови како Jurassic Park, а во својот серијал за Индијана Џонс постојано го прерипува овој период од нивниот културен развиток и те како важен за светската научна мисла.

Клучни зборови: american, archaeology, prehistory, paleoanthropology, Clovis, flint tools, Solutrean, hypothesis, Paleo-Indians, native, grave, protection, law, politics, американска, археологија, праисторија, палеоантропологија, Кловис, кремени алатки, Палео-Индијански, култури, домородни, племиња, гробови, заштита, закон, политика

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here