Ова е еден од најнаградуваните документарци на бугарската режисерка Адела Пеева (Sofia International Film Festival in Bulgaria, The Melbourne International Film Festival in Australia, Тhe 23rd Bilan du Film Ethnographique in France) која идејата ја добила еден вечер во Истанбул седејќи во ресторан со своите Балкански пријатели. Тогаш ќе ја чуе песната од своето детство ,за која останатите соговорници ќе се изјаснат дека оригинално потекнува од нивните земји каде што има долгогодишна традиција во изведувањето.
Потрага по потеклото на песната од Турција ќе ја одведе во Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и пак назад во Бугарија. Слушајќи ја на различни јазици во различни верзии како народна песна, опера, религиозна химна, па дури и марш, се добива впечаток дека Пеева се обидела да направи филм за Балканот и музичките традиции кои честопати се преплетуваат. Идејата на документарецот е феноменална, бидејќи во исто време таа направила и филм кој на интересен начин го отсликува портретирањето на трагичната социјална положба на населението после војната во поранешна Југославија. Сите нивни спомени, надежи, стравови, искуства и очекувања.
[youtube]NGCURBHF2Ss[/youtube]
Иако самиот документарец воопшто нема политички тенденции, сепак потрагата по идентитетот на една песна ја отсликува потрагата по сопствениот идентитет и националната нетрпеливост кај народите од Балканот. Наместо да ги спои, незнаејќи во што се впушта, на моменти Пеева се соочува со емотивната реакција на интервјуираните луѓе дека ги увредува. Во обид да ги поврзе нишките на заедничкото културно наследство на Балканот, овој пат преку музиката, Адела Пеева на крајот ќе востанови дека скоро е неверојатно како само една песна со непознато потекло може да предизвика омраза кај луѓето. Што го покажува и самиот крај на филмот во која впечатлива е сцената каде една фиеста се претвора во ливада која гори и ја спасуваат “луѓе од повеќе етникуми”. Оти се случува на границата помеѓу Бугарија и Турција.
Покрај тоа што е одличен документарец, она што мене ме заинтригира и што ме предизвика на размисла беа два податока кажани во филмот – “Дека се работи за воинствена песна и дека тактовите доаѓаат од северот на Европа бидејќи се нетипични за Балканот”. А на вас останува да откриете за која мелодија се работи.
Highly recommended for watching
Овој текст е поставен на кајмак.от. од страна на корисникот jpetrov. За постот може да се гласа тука.



