Дома Археологија Отворање на изложба: Вучедол-мит што опстојува

Отворање на изложба: Вучедол-мит што опстојува

2,339 views
0

 

На 17.12.08. во 19 ч. Музеј на Македонија упатува покана за присуство на отворањето на археолошката праисториска излозба “Вучедол-мит што опстојува“, која гостува од “Археолошкиот музеј во Загреб”. Автор на изложбата е археологот Жаклин Бален.

По трет пат за две години археолозите од Хрватска прават соработка со своите колеги од Македонија. Пред две години во Музејот на Mакедонија беше отворена изложбата ,,Технологијата на праисторискиот човек” која предизвика огромен интерес, а пролетоска гостин на Катедрата по археологија од Скопје беше професорот Александар Дурман од Катедрата по археологија на Филозофскиот факултет во Загреб, кој одржа две интересни предавања. Професорот Дурман покрај тоа што бил раководител на многу археолошки истражувања, исти така на неколку локалитети ја има истражувано познатата Вучедолска култура која како припадник на балканските култури од металното доба, покрај својата керамика, позната е уште по правоаголниот облик на своите куќи и по тоа што леела бакарни предмети со повеќеделни калапи.

Сепак оваа култура (која се протегала од Чешка и Словачка на север па се до Босна, Шумадија и Јадранскиот брег на југ; и од Славонија на запад се до романскиот дел на Банат на исток) се има прочуено благодарејќи на еден сад пронајден при едно ископување во Винковци 1978 година, познат како Вучедолскиот календар. На него се гледаат четири хоризонтални појаси со врежани симболи карактеристични за ѕвездите, кои директно се однесуваат на промената на поединечни годишни времиња. Притоа не смееме да го заборавиме фактот дека оваа енеолитска култура создавала во периодот помеѓу 3000 и 2000 год. п.н.е. и завршила пред воопшто и да почне животот на археолошкиот локалитет Кокино.

Клучни зборови: , , , , , , , , ,

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име