Да не беше владеењето на Садам Хусеин, досега археолошките локалитети Нимруд, Нинива, Вавилон, Ериду и Ур не ќе се ,,прочуеја”. Е па не е така. Тие со или без него си ја достигнаа светската слава. Иако, секој од нив и послужи и на Агата Кристи за дејствијата во некој од нејзините романи, насловени како: Murder on the Orient Express, Death on the Nile, Appointment with Death и секако Murder in Mesopotamia.
Додека Кристи ги смислувала нејзините романи, госпоѓицата Гертруда Бел која била археолог, лингвист и најдобрата жена планинар на нејзиното време, во Багдад 1921 година ги исцртала границите на земјата која подоцна стана Ирак. Најпознат од сите горенаведени локалитети на територијата на оваа денешна држава е Вавилон – град во древната Месопотамија, најмногу поради фактот што:
* бил изграден помеѓу реките Еуфрат и Тигар
* во него бил донесен Законикот на Хамураби
* бил престолнина на Бабилониа
* бил центар на Блискиот Исток по падот на Асирската империја
* бил rulled by Набукодоносор
* бил почитуван од Александар Македонски и од Селеукидите.
* бил повеќепати рушен и подигнуван
* бил ископуван од Robert Koldewey, ученикот на Heinrich Schliemann
* бил пример за т.н. империјалистички приод во археологија
* бил ,,сљуштен” од British Museum кој поседува колекција од отприлика 120 000 плочи кои споро се публикуваат
* и уште многу тоа бил… Но бил …
Осум порти се отворале кон срцето на Вавилон, заштитен со надворешен ѕид и внатрешен бедем. Осмата капија во северниот дел од градот т.н. Порта на божицата Иштар (чијашто најпрегледна реконструкција се наоѓа во Пергамонскиот Музеј во Берлин), е еден од неговите препознатливи знаци. Подигната во чест на вавилонската богинка на љубовта, била изградена околу 575 BC од кралот Набукодоносор II. Истиот оној кој ги подигнал Висечките градини на Семирамида, едно од седумте чуда на стариот свет. На видео клипот подoлу е снимката која ја направив при една посета на Музејот за ориентална култура, кој се наоѓа во Археолошкиот парк во Истанбул, заедно со уште три други музеи. На него се гледаат остатоците од оваа Порта која денеска се наоѓа распрчкана низ 15 музеја по светот.
[youtube]1K7exfpRvpg[/youtube]
На 5 Jануари 2008, на церемонијата која се одржа во организација на AIA (Archaeological Institute of America) во Чикаго, непрофитната организација посветена на зачувување на целокупното светско наследство – SAFE (Saving Antiquities for Everyone) ја додели наградата Beacon Awards за 2008.
Таа му припадна на д-р. Neil Brodie за неговите натчовечки напори како Research Director на Illicit Antiquities Research Centre при McDonald Institute for Archaeological Research (University of Cambridge) за подигнување на свесноста кај јавноста во борбата од последиците кои ги носат недозволената трговија со антиквитети и сквернавењето на древните локалитети и споменици ширум светот. Исто така награден беше и д-р. Donny George Youkhanna на кого му беше укажана чест како поранешен генерален директор на Iraq Museums за напорите кои ги вложи за да го зачува и заштити скапоценото археолошко богатство на Ирак.
По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина. На почетокот од 80-те години ирачкиот диктатор Садам Хусеин нареди локалитетот да биде реставириран и конервиран, но археолозите и конзерваторите не го послушаа. Тоа не беше најлошото. Да биде катастрофата и разорувањето поголемо, по падот на Садам во 2003 год. полските војници го употребија како воена база. Овие две ,,несреќи” го принудија UNESCO да го симне Вавилон од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. 🙁
За да се задоволи силогизмот на настани дека несреќата не доаѓа сама, во периодот од 10-12 април 2003 год. breaking news во светот беше веста дека од Националниот музеј во Ирак систематски беа украдени и уништени вредни предмети, при што се утврди дека недостасуваат околу 7000 артефакти. Оваа бројка до денес е веројатно дуплирана, а настанот се случи по повод упадот на ,,цивилизираните” USA трупи при влегувањето во Багдад.
Видео клипот на SAFE во спомен на настанот кој придонесе луѓето да бидат лишени од нешто што во минатото го носеше епитетот ,,Лулка на цивилизациите” е направен во соработка со Donny George Youkhanna, поранешен директор на Ирачкиот музеј во Багдад, кој говори за настаните од април 2003 – та година.
[youtube]sOsOe-dfgpE[/youtube]
А јас палам една свеќа на Велики петок. Во мојата душа се уште гори кандилце. Без ова богатство сум посиромашна и јас, а богами и ти читателе мој.
Додаток:
Датабаза на написи поврзани со уништувањето на Ирачкото богатство
Законикот на Хамураби
Babylon загубен засекогаш
[…] По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина. Згора на тоа во 2008 година UNESCO го симна од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. Дали вреди што американската влада ќе даде 800.000$ за “рехабилитација” на Вавилон, кога USA трупите во 2003 комплетно го демолираа и непровратно уништија дел од заедничкото светско културно наследство! Дали вреди да се ревитализира нешто во реална форма, кога она што било автентично веќе не постои? […]
[…] во последните 20 години, уништувањето на Вавилон и нападот на Ирачкиот музеј кога беа искршени и откраднати илјадници артефакти, […]
[…] во последните 20 години, уништувањето на Вавилон и нападот на Ирачкиот музеј кога беа искршени и откраднати илјадници артефакти, […]