Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја, па воопшто не би се сложила со изреката на Цицерон ,,Historia magistra vitae est“. Што научи светот од оваа пословица во втората половина на 20 век. Научи да го реконструира своето минато со националистички испади во име на идентитетот. Ја научи историјата како многупати до сега да и упати бакнеж на својата љубовница политиката. Со една доза на деструкција честопати применета во недостаток на попацифистички идеи. Капак на се e информациското доба каде не можат да се контролираат информациите бидејќи нивниот проток е огромен. И тоа во период кога сите луѓе имаат пристап до информацијата, а во исто време и ја ,,произведуваат”.
Јас на вас не треба да ви се допаѓам, ама можам да ви ја напишам вашата историја. Што ќе биде вистина, а што реалност? Во наплив на милиони фалсификувани истории што ќе ви биде помило ,,автентичноста” или вистината? Како нужна колетерална последица на сето ова, прашање е ,,Дали мојата моментална, е и ваша моментална историја?“
Во постот е вгнезден видео клипот од ,,Шовинистичка фарса”. Се работи за култната белградска претстава со Предраг Ејдус и Јосиф Татиќ, која на репертоарот била во средината на осумдесеттите години. Подоцна има доживеано и продолженија.
Ама нели историјата ја пишуваше победникот? Или можеби тоа беше пијаниот. :))
[youtube]DBT-YvVEdRE[/youtube]
Дополнителни линкови:
Верувале или не: Македонски неолит
Twisted side of the history
„Прво су настале амебе, па Јевреји…“
Коментарите како блого-графити
Патепис од пределите на Мојот Тивок Протест
Сосема се согласувам… ама, македонските археолози и историчари мораат организирано да ја кажуваат ВИСТИНАТА со факти и аргументи каква и да била таа. Оти, денес ако не си го кажеш твоето, ќе те однесе буицата на дезинформациите. Поздрав.
[…] НЕ Турбо фолк национализам Јас, Гебелс и мојот медиум Во име на автентичната историја Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам […]
[…] НЕ Турбо фолк национализам Јас, Гебелс и мојот медиум Во име на автентичната историја Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам […]