Home My 3.0 music box (К)ултурно (У)метнички (Р)аботници

(К)ултурно (У)метнички (Р)аботници

2,052 views
0

 

Конечно, овој концерт решив тие да ми платат карта и да ми поклонат ЦД. Како компензација што толку години ,,ја трпам” нивната музика и одам по свирките што ги организира оваа супер културна мега-хит група.

Се прашувате зошто нивните настапи се како фешта и добра забава со атмосвера во публиката? И вие да дојдевте еден петок за време на Рок Фестот во МКЦ, кога по повод промоцијата на вториот албум Amore Bene Tutti Prego – (К)ултурно (У)метничките (Р)аботници направија свирка, веројатно ќе ви станеа некои работи појасни.

[youtube]6WOuvMeAj9g&fmt=18[/youtube]

дел од атмосверата во МКЦ на 21.03.2008

Не дека требаа да остарат за да станат славни. Не дека ми се некои од членовите на бендот пријатели и ги знам повеќе од половина живот. Ниту дека помеѓу нив имам и роднини. Туку најмногу поради фактот што е многу тешко да свириш панк-рок со песни во кои се опишани луѓето од нашето секојдневие или медиумите, а притоа да успееш да си и жесток и позитивен, и еуфоричен и забавен, со шармантни текстови на кои не им недостасува доза сарказам, иронија и хумор.

Мислам дека написот од Време ,,Дваесет и две песни, туркање и поезија” најдобро може да ја долови атмосверата на оваа свирка. А постов е само мала благодарност до членовите од групата што ми развеселија една мартовска вечер. Овој напис секако треба да послужи за нивна промоција, и не е предвиден да се користи во ,,комерцијални” или било какви други цели. 😀

Културно уметничките работници се еден од трите потенцијални бендови кои веројатно ќе свират на журката од прославата на мојата магистратура. Иакo они се уште не го знаат тоа. 🙂

Профил на myspace
Уметниците на Македонска Википедија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here