Дома Антропологија Коментарите како блого-графити

Коментарите како блого-графити

3,369 views
5

Повеќе пати е докажано дека блогот може да послужи како извор на информација и нормално дека е тешко да се опише неговото постоење со мометалните дефиниции, бидејќи се работи за форма која да кажеме не постоела пред 30 години.

Според авторите на сајтот Комуникации, контролата на информациите е огромна токму во времето кога сите имаат пристап до неа и сите можат да ја “произведат” истата. Тогаш дали може да се контролира протокот на информацијата ако веќе доаѓа од толку различни извори кои самите ја создаваат? Со толку многу паралелните алтернативни извори на информации we are in a lot of trouble to which source to believe in.

Или со други зборови кажано, Дали мојата моментална, е и твоја моментална историја?

Но, да се свртиме кон нешто покреативно кое произлезе од целиот овој хаос во информациското доба, а кој како псоледица го има ефектот Информации vs. Знаење.

Во мојот текст Twisted side of the history напишав зошто ги форсирам интернет и блоговите:

Блогот е форма која ја сакам зошто ја запишува сегашната историја. А истовремени истории има онолку колку што има луѓе на планетава земја. Порано немало блогови, а на луѓето им било недостапно знаењето за глаголењето и придобивките од неговото запишување. Па во присуство на записи кои селективно третираат историјат, мислења или податоци само за видни личности, немаше денеска да се соочуваме со дупки во колективната меморија на човештвото.

Блоговите се најдобрите етнографски белешки, подобри и од најдобрата дигитализација на културното наследство на еден народ. Затоа и се толку важни. Моментална историја, живот, верувања и традиција на една персона, на еден народ, на една група истомисленици, на една религија, на еден етнос можат да бидат доловени и само со еден единствен блог-запис. Покрај тоа што се добива поединечно, може да се создаде и групно мислење за одредена работа, т.е. настан.

Коментарите како блого-графити е супер тема за дебатирање. Не дали се, туку на кој начин можат коментарите да бидат третирани како графити. За графитите конкретно досега имам напишано 5-6 елаборати од постови за да докажам дека можат да претставуваат своевиден артефакт. Додуше во поголем број од случаите прилично минлив и делумно траен, но сепак сведок за едно одминато време. Некои од тие текстови се:

VENI, VIDI, GRAFITI!!!
VENI, VIDI, GRAFITI!!! (2)
VENI, VIDI, GRAFITI!!! (3)
Седам на шоља и пишувам графит : ))))
Мандерините поскапеа, а ти се уште си ми скарана

Јас графитите ги третирам од археолошка гледна точка, со која веројатно не би се сложиле етнолозите, зошто пак за нив графитот претставува најдобриот современ фолклорен жанр. Секој графит е запис за еден народ, за еден јазик, за неговото постоење. Истото може да се каже и за коментарите по блогосверата, бидејќи со секој напишан коментар за среќа блогерот остава важна информација зад себе. А со тоа отворено поле и основа за некое идно истражување на сите археолози, етнолози, историчари и антрополози, кое секако може да биде третирано од социјален, историски, естетски, политички или било каков друг аспект.

Се вели дека графитите се ефтина урбана уметност нашкрабана по ѕидовите на бетонските зданија од градовите. Но гледајте вака на тоа. Со секоја запишана мисла, сеедно дали ќе се потпишете или не, вие оставате податок од непроценлива вредност со чија помош може да биде направена реконструкција на пример на одредено писмо или сленг. Факт е дека јазикот на графитите е многу поблизок до јазикот кој се зборува во одреден период на одредено место, отколку вообичаениот пишан збор кој стигнува до нас. Сето ова важи и за коментарите по блогосферата.

И како што кажав во една прилика …

Отварајте си блогови, или барем пишувајте коментари (блого-графити). Оти ако не се множиме доволно, пак ќе се најде некој да не подели.

А јас оти многу сакам математички операции, се запишав на Филозофски. 🙂


p.s. А да за малку ќе заборавев. Според некои мои самобендисани колеги интернетот се уште не е извор на информации. Демек само книгите биле. Во тој случај се чудам зошто воопшто користат и мејл.


за статијата можете да гласате тука

5 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Археолошки дневник vol.3 » Блогот како етнографска белешка

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име