Веќе некое време читам по блогосверата како се кршат копјата за индентитетот. Паднаа тешки зборови, препукувања и навреди од конспиративни заговорници, добри и лоши колумнисти, негатори и заљубеници во секакви -изми, практиканти на разноразни ?вештини кои гледат шпански серии за да завземат став кон црквата и (не)се (само)бендисани а сепак се чувствуваат хендикепирано и добиваат акутни напади на хуманост кога форвардуваат форвардувани пораки.
Овие пасивни и активни сонувачи, (не)верници во б(л)огови, (квази)интелектуалци, (анти)тоталитаристи и (а)цинично (не)расположени кои се само(себе)прозиваат – се реално (не)реални … Многу зборуваат, а малку прават.
За сите тие кои се су(е)верЕни, јадат пластични сендвичи, (не)знаат да фантазираат … кои се борат за (не)насилство, кои се (а)социјални, музички (не)потковани, кои кршат филмови и глумат вештачки воздишки, одат на бајачка наместо на гледачка и уништуваат шуми од нив да направат весници.
Кои се убици на арт-е-факти.
Ма за кој курац бе пишувам јас последните три години на интернет? А? Имате цела архива од преку 1000 текстови на моите три блога и два сајта да читате колку сакате за идентитетот на еден народ. Меѓутоа…
Очигледно е дека немаме потреба да го збунуваме непријателот со нашиот идентитет, бидејќи сме доволно збунети самите од себе си.
И за крај. На постот не се дозволени коментари. Ако сакаш да ми реплицираш тогаш стори го тоа на твојот блог или сајт. Направи ми услуга и кажи им на сите за ,,идентитетот” … на мојот блог-сајт.
[…] во овој случај, исто како и со постот за Идентитетот, луѓето едноставно мора да се навикнат дека постои и […]
Comments are closed.