Дома Лично Човечкото тело како културно наследство

Човечкото тело како културно наследство

2,547 views
2

Тебе посебно не мора да ти објаснувам дали знаеш што спаѓа во нематеријално културно наследство. Меѓутоа постои еден недопирлив дел од тоа наследство кое го генерира она допирливото и низ чија иницијација се постигнува нивна сублимација. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Кога сме веќе кај телото, како посебна тема на мој интерес во овој контекст е: ,,Човечкото тело низ историјата како културно наследство“. Но не во смисол на мумиите, китењето и тетоважите и сл., туку како процес на инкорпорирање на нематеријалното (умот) во материјалното (телото).

Не можеме да го избегнеме невидливото наследство кое е вткаено во она видливото. Прашање е дали ќе го препознаеме?

2 КОМЕНТАРИ

  1. […] Ако е времето четвртата димензија, тогаш веројатно петтата би била концептот за неговото создавање. Така синтезата на еден археолошки запис ќе се состои од место, време и човек. Зад секој предмет стои човек кој го создал. Неговата спиритуалност и мисли се заробиле во него и оставиле доволно отпечатоци во реалниот свет за да бидат дешифрирани. Но релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство (во овој случај предметите) е нераздвојна. Сепак би рекла дека вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. На добар пат да помислиме  дека и човечкиот идентитет може да претставува артефакт? […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име