
За да се сретнеш со твоите претци.
Со генерациите кои на генерациите
им предавале искуства
за да постои меморија
за да има надеж.
За оние кои умреле
и кои ќе дојдат.
За сегашноста
која треба да понесе
порака за иднината.
Слушни го каменот и оловото
види ги сјајот и бедата
на безимените духови,
успони и падови
од минатите цивилизации.
Ако било кога си помислил дека археологијата е само прикаска, сега е шансата да се увериш во спротивното. Но јас нема да бидам таму за да те поведам на прошетка низ лавиринтите на твоето минато. Зошто јас всушност и не постојам. Јас сум само едно богато искуство низ кое си поминал читајќи го овој блог.
Отворање на изложбата ,,Скопје-ривајвл”
Линк: Скопско кале – галерија на наоди
Препорачани текстови:




