За да се сретнеш со твоите претци.
Со генерациите кои на генерациите
им предавале искуства
за да постои меморија
за да има надеж.
За оние кои умреле
и кои ќе дојдат.
За сегашноста
која треба да понесе
порака за иднината.
Слушни го каменот и оловото
види ги сјајот и бедата
на безимените духови,
успони и падови
од минатите цивилизации.
Ако било кога си помислил дека археологијата е само прикаска, сега е шансата да се увериш во спротивното. Но јас нема да бидам таму за да те поведам на прошетка низ лавиринтите на твоето минато. Зошто јас всушност и не постојам. Јас сум само едно богато искуство низ кое си поминал читајќи го овој блог.
Отворање на изложбата ,,Скопје-ривајвл”
Линк: Скопско кале – галерија на наоди
Препорачани текстови:
[…] Метаморфозите на Скопското Кале Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк национализам) Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Зошто да појдеш до Музеј на град Скопје и да ја видиш п… […]
[…] кога всушност Калето го доживува својот процут, а кои можат да се видат во поставката на Музеј на град Скопје. Во насловот на археолошкиот локалитет Тумба Маџари […]