Home Настани Заврши првиот Фестивал на виното во Скопје

Заврши првиот Фестивал на виното во Скопје

1,987 views
0

Заврши првиот Фестивал на виното кој се одржа во Скопје помеѓу 19-21 Октомври 2007. Но не се криви луѓето за малата посетеност која покрај ниските температури и дождот, имаше за несреќа да се одржува само неколку дена по трагичната смрт на Тоше Проески.

Би рекла сосема скромно, во еден мал агол на кејот на Вардар, веднаш до Камениот мост, беа сместени околу дваесеттина произведувачи на вино од Републикава и Балканот, во дрвени и сламени отворени куќарки, секоја украсена според вкусот на изложувачот и покриени со една заедничка голема бела тенда да ги заштити од временските неприлики. Малку музика на бината, по некоја чаша вино со мезе, сепак, после она кое се случи со Тоше, беше добро малку за промена да се видат развеселени луѓе и насмевки на лицата, пропратени со по едно живели во чест на…

Дегустацијата на виното беше со симболична цена од 30 ден. (за било кој квалитет) и ја служеа во кристални чаши за оваа намена, за разлика од Бирфестот во Прилеп каде морав да платам 2 пати поскапа цена отколку што е во продавница и тоа за точено пиво во картонска кутија. Не знам која винарија ја понесе „Гранд При“ наградата на фестивалот, но се надевам дека еден ваков убав и симпатичен настан организиран од Град Скопје и МКЦ како традиција ќе продолжи и следната година.

Клипчето кое го ставив на youtbe доловува само дел од атмосверата. Конкретно ова беа една мала, весела група на Сицилијанци, за кои разбрав дека се специјално донесени од организаторите како трупа која знае да ги игра средновековните европски танци.

[youtube]tOVfV9G-lUY[/youtube]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here