Дома Археологија Изложба за археологот Миодраг Грбиќ

Изложба за археологот Миодраг Грбиќ

2,026 views
0

Вчера во Музејот на Македонија беше отворена изложбата за археологот Миодраг Грбиќ чиј автор е Дивна Гачиќ од Музејот на Град Нови Сад во коресподенција со колегите вработени во споменатата институција. Се работи за мала поставка пред се од документарен карактер со предмети кои лично му припаѓале на Грбиќ или пак ги пронаоѓал на некои од неговите ископувања.

Миодраг Грбиќ е археолог од Нови сад кој во времето на поранешна Југославија во повеќе наврати работел на дотогаш непознати локалитети, вклучувајќи ги и праисториските и античките градови кои во тоа време се наоѓале на територијата на Србија и Македонија.

Ја открил Старчевачката култура, а подоцна вршел заштитни ископувања на локалитетот Плочник кај Прокупље. Овие две населби и ден денес се темели на неолитските култури во Србија – Старчево на раниот, а Винча-Плочник на доцниот Неолит. Во Македонија пробно ги сондирал Слатина-Зелениково, Вршник и Исар-Кале. На Хераклеа неговотот име се поврзува со откривањето на: акрополот, две ранохристијански базилики и една правоаголна кула во градскиот ѕид. Во 1953-54 на ископувањата во Породин (Битола) открил глинести модели на куќи и жртвеници со зооморфни апликации, непознати дотогаш во науката. Таа населба подоцна ќе се издвои како посебна Велушко-Породинска културна група која јас оф д рекорд ја работев за една моја семинарска на факултет.

Голем истражувач, професор, човек која ја сакал и ја популаризирал археологијата. Оставил зад себе богата библиографија и направил еден голем чекор нанапред во полето на нејзината презентација. Заслужува да му оддадеме почит, ако не друго барем затоа што дел од нашето богатство му претставил на светот, истото она кое може моментално да се погледне во неколкуте витрини во Музејот на Македонија.

п.с. Фотографиите на овој пост се мои, освен првата, за чија цел е искористен каталогот: Миодраг Грбиќ, живот и дело, Музеј на Македонија, Скопје, 2007.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име