Дома Археологија Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен

Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен

2,660 views
4

 

Покрај многуте мали, понекогаш неприметни културно-историски споменици низ градот, Скопје сепак има два бренда – Скопското Кале и Камениот мост. Со ископувањата оваа година Скопското кале се потврди како повеќеслоен археолошки локалитет на кој континуираниот живот се одвивал во скоро сите периоди од неговото постоење, но прашањето околу датирањето на Камениот мост се уште стои отворено. Според различни историски извори ќе сретнете дека тој потекнува од разни археолошки периоди, иако воглавном постојат три основни гравитациони јадра околу кои се судруваат ставовите. Дека мостот потекнува од:

– римското доба, т.е. од времето на императорот Јустинијан I
– српско време, вклопен според вистинитиот историски настан од 1346 кога цар Стефан Душан се крунисал за цар на него, па мостот го добил уште и називот Душанов мост
– турско време, со потврдени документи кои се сепак прилично спорни бидејќи на сето ова треба да се знае дека …

Ако се тргне по логика и денеска луѓето покрај пешачките премини, пак ја преминуваат улицата каде што им е најзгодно. Истото е и со Вардар и Камениот мост кој се наоѓа на место каде што од секогаш и би требало да стои некаков премин. Морало да го има и го имало, со векови поврзувајќи ги двата брега на Вардар на најпрометното место во центарот на градот. Што се однесува до неговото именување кога сме веќе кај периодизацијата, уосталом, зошто пак да не се вика византиски мост. Или Карпошов мост, кога сме кај јунаците? А?

Skopsko kale

Но, Камениот мост не е само безгласен камен објект за кој властите воопшто не се грижат и на кој редовно циркулираат цигани кој просат или препродаваат, иако кога почна неговата санација од страна на Васил Иљов, копјата на стручњаците се прекршија обинувајќи го дека го упропастил автохтониот дух на овој монумент (1,2,3).

Камениот мост не претставува само физички премин преку Вардар од стариот кон новиот дел на Скопје, туку и духовна  раскрсница помеѓу цивилизациите со милениуми оддалечени помеѓу себе. Камениот мост сам по себе е вистинска археологија, ама археологијата е наука која не се состои од само еден мост, негово датирање и припадност кон одреден период. Археологијата е сепак, многу повеќе од тоа.

Сепак, ако ви се случи навечер чекорејќи да се спрепнете на Камениот мост кој е веќе трета година без осветлување, имате голема можност и самите да станете археологија.

4 КОМЕНТАРИ

  1. […] – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосв… […]

  2. […] Мистериите на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти Големите Мајки Богинки – култ или… Турбето во Алаџa-џамија – Скопје Семантичка архитектура Розовиот столб на киното “Култура” Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот во Скопје Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосв… […]

  3. […] Мистериите на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти Големите Мајки Богинки – култ или… Турбето во Алаџa-џамија – Скопје Семантичка архитектура Розовиот столб на киното “Култура” Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот во Скопје Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост не… […]

Leave a Reply to Colonia Skopiepolis » Blog Archive » The-city-I-love-the-city-I-live

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име