Една година по пронаоѓањето на Штитовите од Бонче, тие се веќе публикувани во словенечкото списание ,,Ситула”, од страна на проф. д-р. Вера Битракова Грозданова. При стручна обработка таа успеала да реконструирала само еден штит, иако фрагментите укажале и на можноста од постоење на уште два штита. Оние кои го следеа овој настан минатата година, беа сведоци на тоа како медиумите без доволно докази успеаја да направат неверојатна приказна која заврши со хајка на двајца универзитетски професори (д-р. Виктор Лилчиќ и д-р. Драги Митревски) наспроти правањето на херои од дивите копачи и земање на ексклузивни изјави од нив.
За партиципацијата на македонските археолози и односот на медиумите кон археологијата и сопственото културно минато до крајот на 20 век не може многу за зборува се додека на видело не се постават официјални on-line архиви на печатените медиуми кои би можеле да се консултираат. За оваа тема исто така никогаш не се пројавил интерес за јавна дебата, па генералниот став барем за сега ќе остане непознат. Но, од појавувањето на дневните македонски весници со свои интернет изданија од 2001 година наваму, можам да кажам дека многу од овие работи станаа појасни.
Стана егзактно јасно дека на медиумската пропагадна машинерија и недостасуваат:
- стручни консултанти од областа на археологијата и културното наследство (и не само за нив)
- дека истото ова културно наследство се презентира само преку интервуја, додека на секој можен начин се одбегнуваат аналитички ставови
- се бира археолог-херој и на него се гради прикаската која ако забега има малку допирни точки со археологијата
- се создава вакуум во веста за минатото која треба да понесе порака за иднината
- се бркаат сензационалистички информации итн
Репертоарот е уште поголем од овој, но засега до тука ќе се задржам со својот став. Како препорака ве упатувам на написот од мојата бугарска колешка Весела Герчева која пишува на слична тематика за својата земја. Ако во текстот ги промените имињата на Република Бугарија со Република Македонија верувам дека во анализите на тема медиуми—> културно наследство, нема да почувствувате никава промена.
[…] што комплетно отсуствува критичкиот став на медиумската п… презентирана само преку интервуја, додека на секој […]