Дома Придонеси на Википедија Портал за археологија на Македонската Википедија

Портал за археологија на Македонската Википедија

2,826 views
1

Во последно време доста работев на зголемување на обемот на содржини на Македонската Википедија од областа на археологијата. Поставив веројатно повеќе од десетици статии и никулци кои се однесуваат конкретно на оваа наука или на дисциплини и термини поврзани со неа (Археологија, Камено доба, некропола, Археометрија, Радиокарбонско датирање, Археолошко ископување итн). На овој начин се создаде една почетна база која понатаму може да се надоградува, да се развива па дури и самостојно да заживее. Сето ова на крајот резултираше со Портал за археологија кој се најде на насловната страна на Википедија како Избран портал за септември 2007.


Кога почнав знаев дека ова ќе биде напорна работа. Требаше многу од статиите кои се веќе поставени да се прегледаат, преработат, променат, одново напишат, вики форматираат и да се постават во соодветни категории.

Упатувам благодарност до сите википедијанци (посебно brest) за несебичната помош во вид на техничка подршка која ја добив од нив. Успеавме на една слободна енциклопедија како што е Википедија да креираме база за археологијата на македонски јазик и со тоа се надевам да споделиме знаење за еден подобар свет.

Ги повикувам сите заинтересирани за оваа наука доколку сакаат би можеле да дадат свој придонес, при тоа почитувајќи ги основните начела на овој проект.

Зошто е потребна македонска онлајн енциклопедија за археологија:

-Зошто како држава досега немаме издадено некаква релевантна општа енциклопедија (со исклучок на Македоника, која е само за Македонија и Македонски древности, специјализиран но ограничен ЦД-ром за археологија и историја на уметноста).
-Зошто на ваков начин би имале бесплатна енциклопедија за археологија.
-Зошто освен бесплатна, секојдневно би растела.
-Зошто секој и од секаде би можел да ги користи нејзините податоци. Доволен ви е компјутер и пристап на интернет.

и секако голема љубов за археологијата.


Добредојдовте на Порталот за Археологија

Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик.

Добредојдовте на Википедија!

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот strumjan. За статијата можете да гласате тука.

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Археолошки дневник vol.3 » Портал за археологија на Македонската Википедија

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име