Дома Археологија National Geographic на македонски јазик (2)

National Geographic на македонски јазик (2)

2,873 views
1

Ако се сеќавате еднашка имав обид за тоа како би изгледал National Geographic на македонски, со сликата на Кокино на предната корица.

И претходно имам пишувано дека Македонија е единствената земја на Балканот која не го публикува ова екстремно популарно списание на свој мајчин јазик. Со тоа генерации на вљубеници во патувањата, спомениците, антиквитетите, науката и др. се лишени за огромна количина на информации кои би се однесувале на културното и природното богатство кое доаѓа од територијата на Република Македонија. Затоа еве еден мој прилог како би изгледал кракот review на дел од страниците на оваа корпорација.

Квиз: Како е оригиналното име на Колосеумот? (Види најдолу)

Фотографија: Антички Рим повторно роден во 3-D

Направете виртуелна прошетка низ Античкиот Рим, сопственост на новиот Rome Reborn project,  и споредете ги дигиталните слики на градот со фотографии од спомениците денеска.

Новости од National Geographic: Дневни новости и фотографии
Златно богатство најдено во боливиска пирамида
Скелет стар 1,300 год. и азно со златни артефакти беа пронајдени во една Боливиска пирамида за која претходно се мислело дека е одамна ограбена.


Мапа на месецот
Ново: Истражете ја Империјата на Маите
Истражете повеќе градови на Маите со оваа интерактивна мапа и составете ги сите парчиња од мозаикот и ќе го добиете клучот за процутот и падот на оваа цивилизација.


Фото Квиз
Види ја фотографијата за одговор
Краби гонети со бакљи на Samana Cay, во една островска држава за која некои историчари сметаат дека е првото место каде Christopher Columbus се укотвил во Новиот Свет. Па, каде би можело да биде тоа?Бермуда
Куба
Бахами

На шала на смеа, но ако можам јас самата на мојот блог да креирам виртуелна страница на ова списание, не гледам причина тоа да не се материјализира во вистинскиот свет. Би сакала оваа генерација на блогери (посебно некои од нив кои имаа што да кажат) својот труд да го верификува барем во првиот број на National Geographic на македонски јазик. Ова не е некоја моја нереална фантазија, туку одлична бизнис идеја. Just think about it!!

National Geographic Croatia
National Geographic Bulgaria

Нема да биде далеку времето кога ова ќе стане вистина, што е една од моите цели во животот која со, или без мене ќе се случи некогаш. Иако ќе се сложите дека, и сега може да биде тоа ,,некогаш”.

Пoвторно ќе нагласам – наместо толку пари потрошени по реклами за Македонија на Интернет, многу подобро би било да се обезбеди една лиценца со која National Geographic би излегувал на македонски јазик. Секако, придружен со свој блог.


Одговор на квиз прашањето: Иако до ден денеска Колосеумот е познат под ова име, обележјето на Римската имерија старо 2000 години кога почнало да се гради во 70та год. н.е., оригинално бил нарекуван Амфитеатар на Флавијците (Flavian Amphitheater)

Препорака за читање:Научното цунами ќе не одмине
National Geographic Hrvatska – отворија свој блог
Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот strumjan. За статијата можете да гласате тука.

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Како National Geographic дојде во Македонија!

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име