Дома Археологија Поклони ми град

Поклони ми град

1,178 views
0

 

Денеска секој секому поклонува сешто. Но во минатото царевите, кралевите, императорите, благородниците и великодостојниците на своите сакани им поклонувале од денешна перспектива, необични работи како доказ за нивната љубов или само како додворување. Замислете некој да ви поклони град? Што би правеле со него? Тешко дека би го обесиле околу вратот да го носите како ѓердан.

Коракесион ( lat. Coracesium и gr. Korakesion) е древен антички град во Турција (денешна Аланија). За време на Византија ќе стане Kalonoros, а денешниот назив Alaiye доаѓа од името на еден султан. Градот претрпел многу турбуленции за своето времепостоење. На пример Антиохис (Antiochus III the Great) кралот на Селеуцидите се обидел да го освои, а во првиот век од н.е. бил главен град на Сицилијанските пирати, сторија раскажана од Апијан од Александрија (Appian of Alexandria) во делото Mithridatic wars (92-97стр.). Од тоа време (67год. н.е.) датира и битката кај Коракесион за која пишува и Плутарх (Plutarch), а се случила помеѓу пиратите на Сицилија и Помпеја.

Но веројатно овој град ќе остане запамтен по тоа што во 32 год. п.н.е Марко Антониј (Marcus Antonius) и го подарил на Клеопатра (Cleopatra) како свадбен поклон. Постојат повеќе причини зошто Клеопатра го избрала токму ова гратче, а една од нив е дека не било тоа само поради убавината туку и поради густината на плантажите со кедар кои таа можела да ги искористи за градење на воени бродови (1,2).

Кликни на сликата за зголемена резолуција

На гугл мапс формата на градот не се гледа најдобро со оглед на тоа што тој со текот на времето претпел многу просторни промени, но кога ке одите на горната мапа, поставете го курсорот на сликата. Ќе ви се појави зелена површина која го означува простирањето на стариот град. Мене ептен ми личи на јастог, како што и го нарекуваат. Она што мене ме интересира всушност, се две работи.

Дали ќе ми реплицира Струмјан на постов, бидејќи неговото објаснување за градот е дека тој личи на рак.

А второ… дали на свадбата им служеле јастози. 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име