Дома Археологија Што?А? Нема пирамиди?

Што?А? Нема пирамиди?

2,568 views
1

 

Мислам дека со своите делувања во полето на културното наследство можеме да ја достигнеме несериозноста на Босанската држава која прво ги скрати финансиите за проектот „Босанска пирамида на Сонцето“, за потоа да се премисли. Монти Пајтон серијалот на Босанската влада за Пирамидата во Височица која за една година се размножи на 5 пирамиди, не вроди со плод ниту по пат на археолошки ископувања. Нашите добри копи-пејстери од весници извесија за првиот, но не и за вториот дел од оваа Босанска сага. Колку за потсетување и порано имам споменато дека постојат неколку мои колеги, босански блогери помеѓу кои е и Stultitia, кои покрај тоа што пишуваат за овој случај на своите блогови, обединети се и во еден заеднички блог насловен како APWR (Anti Pyramid Web Ring) каде можат на англиски со соодветни линкови да се прочитаат најновите информации за истражувањето на ,,најголемото гео-археолошко откритие” на светот.

За временски период од две години не беше изнесен ниту еден конкретен доказ дека навистина се работи за пирамида, но ете овој проект беше подржан финансиски од Босанската влада. Босанците даваат пари и каде што нема археологија, за разлика од нас кој ја имаме, ама со сите сили се трудиме да ја снема од светот на културните богатства.


Препорачани линкови:
1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија?
2. Срушена босанската пирамида
3. Пирамидата во Босна – природна формација
4. Апдејт на Пирамидата во Босна
5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1
6. APWR и недостаток на идентитет

Претходни текстовиЧатал Х(ј)ујук на Flickr
Следни текстовиАнаграм
Археоошки дневник е првата веб страница во македонскиот интернет простор посветена на археологијата како наука. Сајтот во континуитет постои од 2005 со цел едукација, промоција, интерпретација и популаризација на богатото македонско културно наследство.

1 КОМЕНТАР

  1. […] 1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија? 2. Срушена босанската пирамида 3. Пирамидата во Босна – природна формација 4. Апдејт на Пирамидата во Босна 5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1 6. APWR и недостаток на идентитет 7. Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја 8. Зошто би граделе пирамида кога можеме да си ја најдеме или да си ја купиме 9. Што?А? Нема пирамиди? […]

Leave a Reply to Кралството на Античките Босанци » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име